Достапни линкови

ЕУ се подготвува за Брегзитот и без договор


ЕУ лидерите отфрлија нови преговори за Брегзитот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

ЕУ лидерите отфрлија нови преговори за Брегзитот

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека Британија „треба да каже што сака“, откако лидерите на Европската унија ја отфрлија молбата на премиерката Тереза Мај да ѝ помогнат да го продаде нејзиниот договор за Брегзитот во британскиот парламент. Лидерите најавија дека ќе ги започнат плановите за непредвидени ситуации во случај да пропадне договорот за Брегзитот.

Британската премиерка Тереза Меј дојде на самитот во Брисел еден ден откако се соочи со предизвикот да го брани нејзиното партиско лидерство од нејзините конзервативни пратеници.

„Мојот фокус сега е да ги добијам овие гаранции неопходни за да го прифатиме овој договор, бидејќи искрено верувам дека е во најдобар интерес за двете страни“.

Таа им рече на другите 27 лидери на Унијата дека договорот сé уште би можело да помине во Долниот дом на Парламентот во наредниот месец, ако тие и помогнат да ги увери пратениците во врска со контроверзната клаузула за Ирска.

Но, според извори во Унијата, атмосферата на самитот била напната, а германската канцеларка Ангела Меркел и другите лидери постојано ја прекинувале Меј за да ја прашаат што навистина сака.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер тоа го потврди и на прес конференцијата по состанокот:

„Зборувајќи за нашите идни односи, нашите пријатели од Велика Британија треба да кажат што сакаат, наместо да не прашуваат што сакаме. И ние би сакале нашите британски пријатели да ни кажат што очекуваат во наредниве неколку недели“.

Според Јункер, британската премиерка водела храбра борба, но, како што рече, „за жал не ги гледаме резултатите“.

Многумина од нејзините пратеници стравуваат дека сега договорениот аранжман Британија да влезе во привремена царинска унија со ЕУ за да се избегнат граничните проверки со Ирска може да стане траен.

Но, евро лидерите не прифаќаат временско ограничување, и се согласиле дека договорот за Брегзитот „не е отворен за повторно преговарање“.

Претседателот Европскиот совет Доналд Туск изјави:

„Европскиот совет го потврдува својот заклучок од 25-ти ноември 2018 година со кој го одобри договорот за повлекување и ја одобри политичката декларација. Унија стои зад овој договор и има намера да продолжи со неговата ратификација“.

Јункер дури рече дека во наредниве денови ќе објави дополнителни планови за заштита на европските бизниси и граѓаните во случај да не успее договорот, а Британија на 29 март идната година излезе од унијата без нови аранжмани.

„Бидејќи не знаеме каква ќе биде колективната реакција, од 27 членки на Унијата и од Британија, Комисијата на 19 декември ќе ги објави сите општо корисни информации во врска со подготовките доколу нема договор“, рече Јункер.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG