Достапни линкови

Меркел заминува од лидерското место во ЦДУ


Кој ќе ја наследи Меркел како партиски лидер?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:49 0:00

Кој ќе ја наследи Меркел како партиски лидер?

По 18 години на чело на Христијанско демократската унија Ангела Меркел не е кандидат за претседател на оваа конзервативна партија на конгрес на 7 и 8 декември. Тројца главни кандидати се во трката да го преземат партиското лидерство: Анегрет Крамп-Каренбауер, Фридрих Мерц и Јенс Спан. Некои аналитичари сметат дека победникот „ќе има пол позиција“ да стане следниот канцелар на Германија.

Ангела Меркел на дводневниот партиски конгрес ќе му ги предаде уздите на нејзината партија на наследникот, но колку долго таа може да остане германската канцеларка останува отворено прашање.

Меркел, ја водеше централнодесничарската Христијанско демократска унијаод 2000 година и Германија од 2005 година.

„Јас бев лидер на партијата повеќе од 18 години, тоа е многу долго време. Во овој период ЦДУ имаше свои подеми и падови, но партијата, исто така, имаше мнозинство четири пати на националните избори. За тоа мора да им заблагодариме на нашите гласачи“.

Но, Меркел не се откажува од канцеларската функција и изрази желба да го заврши нејзиниот четврти мандат во 2021 година.

Суда Дејвид Вилп, политички аналитичар во германскиот Маршалов фонд во врска со ова вели:

„Јас всушност мислам дека е во ред ако остане како канцелар, бидејќи сега има слобода да прави храбри потези, затоа што нема избори. Можеби ќе стори нешто за Германија и за Европа за што можеби се двоумеше, бидејќи беше загрижена за следните избори“.

Сепак, има голем број на сценарија кои можат да го загрозат тој план.

Најреалниот ризик би можел да дојде од нејзиниот стар ривал Фридрих Мерц, на кој Меркел му помогна на политичката сцена пред повеќе од една деценија.

63 годишниот харизматичен адвокат е еден од трите главни претенденти да го преземе кормилото на ЦДУ, а малкумина веруваат дека тој ќе биде во можност да го надмине својот отпор кон долготрајна соработка со со Меркел.

Брзиот крај на ерата на Меркел, исто така, би бил многу веројатен ако победи министерот за здравство, 38 годишниот Јенс Спан, отворен критичар на нејзината мигрантска политика.

Оттука Меркел мора да се надева дека нејзиниот омилен наследник, генералниот секретар на партијата, Анегрет Крамп-Каренбауер, ќе може да победи во оваа тесна трка.

Од друга страна, изборите во Европската унија во мај, во кои главните партии се очекува да загубат од екстремните, ќе ја стави на тест „голема коалиција“ на Меркел.

Со три клучни регионални избори догодина во поранешниот комунистички исток, каде што екстремно десничарската Алтернатива за Германија изгради силна поддршка на платформата „Меркел-мора да си оди“, ЦДУ би можел да се обиде да се дистанцира од Меркел.

Нејзината веќе кревка алијанса со ослабените социјалдемократи би можела да се распарчи поради натамошните дебакли на анкетите, предизвикувајќи нови германски избори.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG