Достапни линкови

Британија пред договор со ЕУ за Брегзитот


Нацрт договорот за Брегзитот во британскиот парламент
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Нацрт договорот за Брегзитот во британскиот парламент

Британската премиерка Тереза Мај ја доби поддршката од нејзините министри за нацрт-договор за разводот на Британија од Европската унија. Со тоа таа доби поддршка да влезе во многу опасната борба во парламентот за одобрување на договорот.

Повеќе од две години откако Британија на референдум гласаше да ја напушти Европската унија, премиерката Тереза Меј им изјави на новинарите пред Даунинг стрит дека успеала да добие поддршка од нејзиниот поделен кабинет за нацрт договорот за Брегзитот.

„Цврсто верувам дека нацрт-договорот за повлекување е најдоброто што може да се преговара“, изјави таа, додека демонстранти извикуваа слогани против Брегзитот од другата страна на улицата.

„Но, ако можам да завршам со ова. Верувам дека она што му го должам на оваа земја е да донесувам одлуки кои се во национален интерес и цврсто верувам со мојата глава и моето срце дека ова одлука е во најдобар интерес за целото наше Обединето Кралство“.

Се смета дека нацрт договорот претставува некаков вид компромис, односно дека ќе ги задоволи и оние што гласале за Брегзитот и поддржувачите на Европската унија и оти обезбедува блиски врски со Унијата откако Британија ќе замине на 29-ти март идната година.

Главниот преговарач на Европската унија за Брегзитот Мишел Барние оцени дека нацрт договорот за напуштањето на Британија што го усвои владата во Лондон претставува решавачки чекор во преговорите меѓу двете страни.

„Отсекогаш сум велел дека преговараме со Обединетото Кралство, а не против Обединетото Кралство, со почит кон нејзиниот суверен избор да ја напушти Европската Унија. Ние постигнавме оваа вечер голем чекор кон уредно повлекување. Овој чекор е услов, основа за довербата што ни е потребна за да преговараме за ново партнерство“.

Ова, според него, навестува дека лидерите на ЕУ наскоро би можело да закажат самит на кој би бил усвоен овој договор.

Сепак, Тереза Меј, сега се соочува со тешко искушение да се обиде да го помине нејзиниот договор во британскиот парламент, каде што противниците веќе почнаа да гокритикуваат, дури и пред да го прочитаат.

Семи Вилсон, претставник на северноирската Партија на демократски унионисти која и дава поддршка на владата на Меј изјави дека станува збор за „јаден и лош договор“, очигледно незадоволен од тоа како во нацрт договорот се решава клучното прашање за границата меѓу Ирска и Северна Ирска по Брегзитот.

„Да го искористам нејзиниот израз; никаков договор е подобар од лош договор“, а ова е лош договор“, рече Вилсон.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG