Достапни линкови

Во Источна Украина избори со руски допир


Русија и Запад во спор за изборите во Источна Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:00 0:00

Русија и Запад во спор за изборите во Источна Украина

Сепаратистите во источна Украина, кои се поддржани од Русија, в недела треба да одржат избори во двете самопрогласени републики, во обид да го зацврстат своето отцепување од остатокот на земјата. Изборите во Доњецк и Луганск, кои се надвор од контролата на Киев од 2014 година, силно се осудени од Киев и од Западот.

„Додека Украина презема „позитивни чекори“ за промовирање на мирот, Русија го поттикнува конфликтот со организирање на „лажни избори“, порача деновиве на Твитер американската амбасада во Киев, повикувајќи ги жителите на источна Украина да го бојкотираат гласањето.

Брисел претходно оцени дека т.н. претседателски и парламентарни избори се спротивни на договорот од Минск од 2015 година за решавање на конфликтот.

„Очекуваме особено Русија целосно да го искористи своето влијание врз сепаратистите“, се вели во соопштението на ЕУ.

Но, Москва ги отфрла жалбите, тврдејќи дека гласањето нема „никаква врска“ со мировниот договор од Минск.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, оценувајќи дека луѓето живееле со „постојани закани од употреба на сила од страна на украинските власти изјави:

„Изборите на 11-ти ноември се диктирани од потребата да се пополни вакуумот на власта по смртта на Александар Захарченко“.

Станува збор за лидерот на сепаратистите кој беше убиен во бомбашки напад во август во Донецк.

Денис Пушилин, поранешен преговарач со Киев, сега е лидер на Донецк.

За разлика од неговиот претходник, кој беше познат по неговите воинствени забелешки и сакаше да се наметнува во маскирна униформа, Пушилин носи цивилна облека.

Неговите изборни постери во Донецк ветуваат „Мирна република за мирни граѓани“.

Други плакати ги охрабруваат жителите да гласаат за регион „Со руско срце“.

Москва дури и не се мачи да скрие дека е зад изборната кампања во Донбас и оти победникот е однапред определен, велат посматрачите.

Едвард Басурин, портпарол на Министерството за одбрана на самопрогласената република Доњецк вели: „Се надеваме дека 11 ноември ќе биде тивок ден, дека непријателот нема да ги спречи луѓето да ја изразат својата волја“.

Жителите во овие региони пак велат:

„Од сите кандидати го знам само Денис Пушилин, не слушнав ништо за другите, но можеби не обрнував внимание. Тој е лидер, фаворит“.

„Мислам дека ќе има многу учество на изборите, сигурно ќе биде и моето семејство, па дури и мојот сопруг ќе биде таму, сега е во војска“.

Изборите исто така се начин на сепаратистите да го зајакнат своето влијание врз скоро три насто од украинската територија.

Конфликтот меѓу украинските владини сили и сепаратистите избувна во април 2014 година, кратко време по анектирањето на Русија на полуостровот Крим, и оттогаш зема повеќе од 10.000 животи.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG