Достапни линкови

Газивода, езеро на ќор сокакот меѓу Косово и Србија


Езерото кое ги спојува и дели Косово и Србија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Езерото кое ги спојува и дели Косово и Србија

Контролирано од Србија, но извор на вода и енергија за Косово, сините води на езерото Газивода, ја одразуваат студената врска меѓу Косово и Србија. Оваа акумулација со должина од 24 километри минува низ границата што ги одвојува Србија и Косово, кои се под притисок да ги нормализираат односите со цел да и пристапат на ЕУ. Во тој процес клучно е решавањето на границата.

Предлогот за „размена на територии“ како начин за надминување на ќор-сокакот дојде пред неколку месеци од двете страни.

Локалните медиуми шпекулираа дека дел од Србија каде што главно живеат Албанци би можело да се тргува за регион со доминантно српско население во северно Косово, до езерото Газивода.

Но, ова езеро е уште еден потсетник зошто менувањето на границите не е едноставна работа.

Три четвртини од езерото лежи во северниот дел на Косово, каде што живеаат главно Срби, регион врз кој Белград има силно влијание.

Но, ако Приштина се откаже од ова вештачко езеро на реката Ибар, тогаш ќе нема доволно вода за пиење за повеќе од една третина од милион и 800 илјади жители на Косово.

Езерото, исто така, обезбедува вода за ладење за двете термоцентрали Косово А и Косово Б кои произведуваат околу 95 насто од електричната енергија во Косово.

Езерото стана и дел од дипломатски театар во септември, откако беа одложени планираните разговори меѓу претседателите на Србија и Косово во Брисел.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, и покрај противењето на Приштина, ја оствариконтроверзната посета на езерото Газивода.

Главниот косовски преговарач со Србија Авни Арифи, предупредува дека ќе биде несоодветно да се започне каква било дебата за езерото во идните разговори предводени од ЕУ.

„Ова е ресурс и богатство на Косово, а ние не разговараме за имотот на Косово со Србите, разговарамеза унапредување или за позицијата на српската заедница во Косово, но не и за имотот на Косово“.

Агрон Дида, експерт за енергетски прашања од Приштина, пак вели дека „независноста и стабилноста“ на Косово ќе бидат изложени на ризик ако езерото стане српска територија.

„Вучиќ и неговите политички пријатели во Србија многу добро знаат дека езерото е ахилова петица на Косово“.

Тоа ги држи разговорите во ќор-сокак, при што двете страни тврдат дека имаат право на водите на езерото. Сузана Максимовиќ, која живее во северниот дел на Митровица вели:

„Тоа е наше како што е Косово наша сопственост, но ни го одземаа“.

Сепак, со тоа не се согласуваат албанците во истиот град кои велат дека езерото мора да остане на нивна страна.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG