Достапни линкови

Кој (не) се грижи за 39-те точки за чист воздух во Скопје


Air pollution in Skopje, Macedonia

Градските власт работеле континуирано. О2 коалицијата за чист воздух немаат направено ревизија. Во меѓувреме, скопјани почнуваат да дишат нечист воздух

Скопскиот воздух веќе започна да ги надминува границите на дозволената загаденост, што е очекувано според искуството од претходните години. Но, лани во предизборието, кандидатите за градоначалници на Скопје потпишаа обврзувачки документ од 39 точки за подобар воздух во грејната сезона. Овие 39 барања на „О2 Коалиција за чист воздух“, како и кампањата на актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, даваа надеж дека ќе се промени состојбата во следната зима.

Меѓутоа, по една година, според Политичкиот бројач на апликацијата „Мој воздух“, излегува дека само едно барање е исполнето, а врз девет е започнато да се работи. Поточно, состојбата изгледа како едвај да е помрдната од мртва точка, бидејки на политичкиот бројач на веб страницата „Мој воздух“ нема никакви нови податоци од крајот на минатата година.

Градските власт работеле на случајот

Денеска од градот информираа дека повеќе барања се започнати, но тие не може да завршат одеднаш со една активност.

„На пример, првата точка вика вклучување на граѓаните во носење одлуки кои ги засегаат жителите на Град Скопје. Ние сме имале отворени дебати со граѓаните, меѓутоа, тоа е еден континуиран процес кој што ќе мора во текот на сите четири години додека сме тука да го реализираме. Потоа има воведување на итни и вонредни мерки за време на грејната сезона - ние лани имавме доста мерки кои што ги преземавме меѓутоа, со тоа не е дека ја завршивме работата. На „Политичкиот бројач“ стои дека е започнато, ама тоа е континуирано. После тоа имаме подолу подигнување на свеста за спречување на неконтролирани палења отпад - ние имавме кампања, праќавме пораки до граѓаните, но ,исто така, со тоа не ја завршивме работата. Имаме ветување „Стоп за про автомобилско Скопје“ - знаете дека ги правиме велосипедските патеки, ставаме блокатори на тротоарите. Ако добро ги анализираме, почнати се доста од ветувањата меѓутоа повеќе се работи кои треба да се завршат во текот на целиот мандат“, изјави портпаролот на град Скопје, Ваљон Салихиу.

Дополнително, истакна дека на останатите 30-тина барања останува да се работи до крајот на мандатот.

Коалицијата за чист воздух се уште без ревизија на состојбите

Од друга страна пак, од „О2 Коалиција за чист воздух“ велат дека ревизија на новите состојба се уште не е направена. Најавија дека периодов ќе ја подготвуват и ќе почнат да вршат притисок.

„Ќе побараме отчетност затоа што веќе година дена е поминато и врз основа на тие одговори ќе дадеме наше мислење и ќе ги преземеме сите можности што ни стојат правно и други права како граѓани да делуваме поантаму - значи сите видови предизвици што ни се на располагање како граѓански активисти ќе ги преземеме да направиме што е можно поголем притисок за да се остварат тие барања“, изјави Невена Георгиевска од „О2 Коалиција за чист воздух“, која дополни дека меморандумот е основа за доверба и понатамошна соработка, а не е правно обврзувачки.

А реалноста?

Меѓутоа, реалноста е дека граѓаните веќе почнаа да го дишат загадениот воздух. Активистот Горјан Јовановски, кој ја креираше веб-страната и апликацијата „Мој воздух“ коментира дека треба посериосно да се решава овој проблем

„Еве ќе го гледам од аспект на јас како вработен во бизнис фирма, во „Букинг“, кога јас имам барање кое што ми е доставено од моите претпоставени, јас треба тековно да ги информирам до каде се овие барања, значи не мора да сум го завршил целосното барање, но морам да кажам - ок, сега сум стигнал до овој чекор, ја имам направено оваа работа, така што ќе се види дека јас навистина работам на проблемот иако тој навистина е можеби голем и треба подолго време да се заврши. Но без тековни информации од Град Скопје ние не може да знаеме дали они воопшто почнале да работат на некој проект и до кој степен е стигнато“, изјави Јовановски.

Тој додаде дека тежината за решавање на проблемот е кај градоначалникот Петре Шилегов, а активистите треба да вршат притисок за исполнување на барањата.

„Од една страна ми е малку да не речам детско, дека треба сега за раче да ги водиме и да ги молиме, дечки дај направете нешто, но пак, од друга страна, ако тоа е навистина потребно па и тоа треба да го правиме, така да верувам да, штом сме го започнале орото, треба да и ние да го доиграме од наша страна. Ова не е борба едни против други, туку сите го дишеме истиот воздух“, рече Јовановски.

Конкретно, според Политичкиот бројач на апликацијата „Мој воздух“ и информациите од надлежните, исполнето е стопирање за прскање на улиците со калциум магнезиум ацетат. Активностите кои се дел од започнатите барања се субвенции на инвертер за затоплување, набавка на автобуси на струја, консултирање со јавноста при донесување одлуки, субвенции за чистење оџачи, како и продолжување на субвенции за палети и велосипеди.

Останува да бидат исполнети 30 од кои позначајни се транспарентна и 24/7 инспекција, служба со 24 часовен видео надзор за секаков вид на палење, изградба на колекторски систем и пречистителна станица во Скопје, воспоставување на пешачка зона во централниот дел, а и озеленување на сите оголени површини и стоп на расејување на тешки метали.

XS
SM
MD
LG