Достапни линкови

Уставни измени - вие коментирате


Премиерот Зоран Заев во Собрание

Собраниската седница за уставните измени, ребалансот на буџетот и иселувањето на младите се теми кои предизвикале најголем интерес кај нашите читатели.

„Протести се најавени пред Собранието за време на одржувањето на собраниската седница за уставните измени, а и пред Јавното обвинителство“, информира РСЕ, а на нашата ФБ страница потпишан со Буки Буки кратко постирал: „Доста беше, до кога блокади?“ И Лута Ахмети е на истата линија: „Вмровците толку крадеа, можат секој ден на протести, но назад нема. Народот е за ЕУ и НАТО, нема спас за криминалци“.

Објаснувањето на министерот за финансии Тевдовски дека главната причина за ребалансот на буџетот е евентуалната одлука за предвремени парламентарни избори, го поттикнало Ѓорѓи Ристески да коментира: „Ама пари за вработување, покачување на плати и сиромаштија нема!“ Ресул Исеини напишал дека секоја година избори ги замориле граѓаните, „на референдумот излегоа 36%, а за парламентарни ќе излезат 16% - ќе ви правиме забава секоја година, лажговци едни, за оваа ситуација криви сме ние граѓаните што излегуваме на гласање.“

Интервјуто на премиерот Зоран Заев за грчкиот весник Та Неа, во кое покрај другото вели дека „е време бурето барут да стане извор на стабилност, и дека е потребна политика, а не нови граници“ наишло на негативни реакции кај некои посетители на ФБ страницата на РСЕ. За Борис Ковачев политиката се чини не е важна, па постирал: „Какви политики кога ти нè поништуваш и штитиш сè што е туѓо, а македонското го негираш“, но Буки Буки повторно се јавил со едно кратко: „ЗА“.

Од друга страна, по видео-обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кое ја обвини владата на Заев за севкупна криза во државата, како што кажа, и побара нејзино заминување, има многу негативни коментари против него и неговата партија. Дарија Нице напишала: „Аааа, знам! Ти има останато уште некоја хидроцентрала што сакаш да ја лапнеш за домашната колекција! Затоа бараш мандат. Е, па, нека ти го дадат овците!“ Јосевски Јосиф коментира со прашање: „Луѓето што 11 години крадеа и се луксузираа и си вработуваа цели фамилиии во администрација сега ќе нè чуваат и бранат?“ Лиле Иваноска смета дека уништувачи се ВМРО-ДПМНЕ, а не Заев. „Не дај боже вие да дојдете на власт, тогаш сите ќе се иселиме“. А Иса Синани порачува: „Овој ќе нè земе на врат. Освести се, народе!“

Саботната анализа на РСЕ за тоа дали државата има стратегија за младите, исто така предзивика бројни коментари. Во повеќето постови се наведува дека СДСМ и Заев лажеле дека просечната плата ќе биде 500 евра, па Љубе Петровски напишал: „Кај се тие 500 евра плата, тој си гледа за него и неговите најблиски, а другите ќе питачат за него.“ Драган Бошков му одговара дека „прво треба да се испозатворат лоповиштата од ДПМНЕ што ја уништија државата, па ќе видиме“, а Лидија Влахова ги поучува: „Неписмени мажи, дали се слушате? Просечна 500 евра и тоа за 4 години, а сега се поминати 18 месеци. Просечна, алоооо!“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG