Достапни линкови

Бугарите бараат меѓународна истрага за убиството на Маринова


Бугарија под притисок по убиството на новинарката Маринова
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:06 0:00

Бугарија под притисок по убиството на новинарката Маринова

Во Бугарија расте притисокот врз властите да ги откријат сторителите на убиството на новинарката Викторија Маринова. Телото на 30 годишната новинарка која беше водителка на програмата „Детектор“ за малата приватна ТВН телевизија во Русе, беше пронајдено во саботата. Нејзиното брутално убиство предизвика меѓународна осуда.

Ожалостени луѓе се собраа на централниот плоштад во Русе, палејќи свеќи и поставувајќи цвеќиња пред портретот на Викторија Маринова.

Слични собири се одржаа во Софија и во неколку други градови.

Многумина во Русе, освен како новинарка ја познале и како активистка во добротворни организации во овој град на Дунав.

Иако луѓето се со поделени мислења околу мотивите за убиството на Маринова тие бараат независна, па дури и меѓународна истрага.

Елизабета која ја познавала Маринова од групата за народни игри вели:

„Ова се случи на сред бел ден, на сред бел ден. Ако беше умислено, тие би се подготвиле подобро. Ова го направија луѓе кои едноставно се болни“.

Венелин Руменов, телекомуникациски техничар кој исто така ја познавал Маринова од нејзината претходна работа е со слично мислење:

„Не, јас не мислам дека нејзината работа има некаква врска со она што се случило. Тоа е најверојатно нешто друго и ќе се открие што“.

Нели Ѓуленова, која има мал приватен бизнис, пак е уверена во спротивното:

„Апсолутно сум сигурна дека доказите укажуваат на нејзината работа и ова ме налути, бидејќи октоподот во Бугарија е толку голем и насекаде распостранет“.

Бугарските власти соопштија дека 30 годишната девојка била силувана, претепана и задушена, а нејзиното тело пронајдено во саботата во паркот во близина на реката Дунав.

Бугарскиот јавен обвинител Сотир Цацаров изјави дека сите опции се во игра:

„Ние не исклучуваме никаква верзија, не исклучуваме спонтан напад и не исклучуваме планиран напад. Една работа е јасна - дека убиството е направено со огромна бруталност и суровост, повторувам - целиот капацитет на министерството е мобилизиран на случајот“.

Во нејзиното последно телевизиско шоу емитувано на 30-ти септември, Маринова претстави двајца новинари кои испитувале наводна корупција со фондовите на ЕУ.

Портпаролот на Европската комисија Маргаритис Шинас, изразувајќи жалење за убиството на новинарката изјави дека веќе била побарана информација од буграските власти за наводите за злоупотреба на европските фондови.

„Ние сериозно ги сфаќаме сите наводи или сомненија во врска со злоупотребата на структурниот фонд и свесни сме за медиумските извештаи и за наводите во врска со Бугарија“.

Маринова е третиот новинар убиен во Европа во изминатите 12 месеци по Јан Куцијак во Словачка во февруари и Дафне Каруана Галиција во Малта во октомври лани.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG