Достапни линкови

Советската инвазија врз Чехословачка: паника и револт


Советската инвазија врз Чехословачка во сеќавањата на еден фотограф
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:47 0:00

Советската инвазија врз Чехословачка во сеќавањата на еден фотограф

Кога тенкови на поранешниот Советски сојуз влегоа во Чехословачка пред 50 години, прекинувајќи го периодот на либерализација познат како Прашка пролет, младиот фотограф Либор Хајски сними сцени на насилство и страв, но и моменти на сожалување и црн хумор.

Некои од најдраматичните слики од инвазијата на Чехословачка од страна на советските војници на 20 и 21 август 1968 година ги сними Либор Хајски, фотограф кој тогаш имал само 20 години.

Педесет години подоцна, неговите спомени за тој ден се кристално јасни.

„На тој чад може да се види како улицата поцрнува како да е вечер. А, потоа почнаа да се слушаат шрапнели, исто така. Беше страшна паника. Луѓето се криеа секаде каде што можеа - зад автомобилите, паѓаа на земја“.

Претходниот ден Хајски само што се вратил од одмор во Рим.

Инвазијата го изненади - заедно со остатокот од земјата.

Додека тенковите влегуваа во Прага, тој со камерите излегол на улица.

„Околу 8 или 9 часот, многу луѓе во суштина сè уште не сфаќаа дека тоа е планиран напад. Мислеа дека тоа можеби е воена вежба или нешто такво. На оваа слика, се гледа деца се возат на тенк како да се возат на некаква атракција. Не викам дека се весели, но како да мислат дека тоа не е нешто сериозно“.

Но, конфузијата на плоштадот Вацлавске намести брзо се претвори во опасност додека советските трупи почнаа да пукаат во народот.

Веста за инвазијата беше емитувана од Чехословачкото радио - кое советските сили сакаа да го затворат.

Додека војниците се движеа кон станицата, народот се собраа надвор за да ја покаже својата поддршка за радиото.

„Тука можете точно да ги видите изразите на лицата на Русите ... Тие не изгледаат како ослободители. Ако погледнете внимателно, можете да ги видите нивните мрачни лица. Тие сироти навистина не знаеле што треба да прават“.

Во услови на хаос во близина на радио станицата, камион без возач удри во толпата, убивајќи неколку луѓе.

„Во тој момент се свртев да видам штодоаѓа. Затоа ја зграпчив камерата и само го притиснав копчето. Ми се слоши. Тоа сè уште ме прогонува“.

Тој ден вкупно 15 лица го изгубија животот во близина на чехословачкото радио, а уште повеќе загинаа за време на окупацијата.

Но, Хајски се сеќава не само на траумите од тој ден, туку и на инцидентите кои ги откриваат човечки моменти.

„Почна да гори луѓето го запалија. Но најлошото беше тоа што војниците беа внатре, а тенкот почнаа да се загрева. Одеднаш, луѓето почнаа да викаат: Излагувајте пред нешто да ви се случи“. Тоа беше вистинска комична ситуацијата – се уште имаше сочувство за нив. Непотребно“.

Имаше и други траги комични ситуации.

„Некој најде знак од градилиште на улицата во средината на Вацлавске намести: „Строго забранет влез за невработени“. И така тие се возеа на тенк користејќи го овој типичен црн чешки хумор. Луѓето се смееја“.

Тоа беше хаосот на инвазијата и нејзините последици што ги сочуваа фотографиите на Хаџиски.

Советските војници упаднаа во чешката новинска агенција, каде што Хајски работел, запленувајќи и уништувајќи негативи - но не и овие снимки.

Инвазијата од 1968 година го прекина краткиот период на релативно либерален социјализам познат како Прашка пролет.

Фотографиите на Хајски преживеале.

Но, надежите за политичка промена беа изгубени за уште една генерација.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG