Достапни линкови

Тетово нема решение за кучињата скитници


Проблемот со кучиња скитници допрва ќе се решава во Тетово. Засега има само предлог да се бара локација з аизградба на стационар. За разлика од Тетово, во Гостивар веќе се подготвува Центарот за кучиња скитници.

Тетовци уште долго ќе се соочуваат со опасноста да бидат каснати од бездомно куче со оглед дека Oпштина Тетово се уште нема почнато процедура за решавање на проблемот. Велат дека се свесни за ситуацијата, но засега има само предлог одлука за започнување на процедура за пронаоѓање локација за изградба на стационар и третирање на кучињата скитници во градот, која треба да се изгласа на една од идните седници на Советот на Општина Тетово.

Горан Хаџииљоски, советник од редовите на СДСМ се согласува за потребата од итно постапување бидејќи граѓаните му реагирале.

„За ова со кучињата, имаше поплаки, две поплаки, дојдоа луѓето на врата кај мене. Мислам дека има шанси да се реши и не е некој голем проблем. Мислам дека општинава ќе земе став и ќе го реши овој проблем. Може да се вдомат некаде кучињата во некој објект за да не направат некоја поголема штета. Оваа година колку што мене ми е познато има седум осум каснувања од кучиња. Јас лично сум видел повреден човек. Страшно беше за гледање“, вели Хаџииљоски.

Додека ваквата состојба во Тетово со години е непроменета, во Гостивар веќе се подготвува Центарот за кучиња скитници во еден од објектите на старата касарна. Градоначалникот Арбен Таравари има желба да биде регионален центар што може да значи помош за тетовци.

„Веќе се ангажирани двајца ветеринари кои ќе ги кастрираат, стерилизираат овие кучиња. Ќе им се стават микрочипови во кожата. И одреден знак во увото на овие кучиња. Барем граѓаните да бидат сигурни дека тие не се инфективни. И нема да бидат нападни кон граѓаните. Се надевам да биде регионален центар за третирање на кучиња скитници“, рече Таравари.

Најверојатно поради страв од кучињата во Тетово се бележат и непромислени постапки на дел од луѓето кои се обидуваат да ги отрујат. Така пцовисани животни според здравствените работници дополнително го загрозува здравјето на населението.

„Може да има последици по здравјето на луѓето од самиот отров. А и од така оставени лешеви кои можат самите да бидат извори на некоја понатамошна зараза, вели доктор Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје.

Во Тетово се бележат и случаи во кои жителите поради каснување од куче ја тужеле општината.

XS
SM
MD
LG