Достапни линкови

Трамп: верувам во директни средби со лидерите


Трамп би се сретнал со иранските лидери
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Трамп би се сретнал со иранските лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би се состанал со иранските лидери без какви било предуслови. Тоа и покрај или токму тврдиот став на неговата администрација против властите во Техеран.

Претседателот Доналд Трамп, наведувајќи дека на Иран никогаш нема да му биде дозволено да поседува нуклеарно оружје, изјави дека би се сретнал со иранските лидери доколу се подготвени на тоа.

„Јас сигурно ќе се сретнам со Иран ако сакаат да се сретнат. Не знам дали се уште се подготвени. Имаат тешко време. Јас го прекинав договорот со Иран. Тоа беше смешен договор. Верувам дека тие најверојатно ќе завршат со желба да се сретнат и јас сум подготвен да се сретнам во секое време што го сакаат. Јас не го правам тоа од сила или од слабост. Мислам дека така е најсоодветно“.

Трамп прецизира дека со Рохани би се состанал без никакви предуслови.

Забелешките на Трамп претставуваа значително омекнување во реториката од пред една недела, кога тој преку Твитер му порача на иранскиот претседател Хасан Рохани дека Иран ќе трпи последици како никогаш досега доколку продолжи да им се заканува на САД.

Непосредно пред овој твит Рохани му се обрати на Трамп, наведувајќи дека американските непријателски политики би можеле да доведат до „мајка на сите војни“.

Од друга страна, Трамп на прес конференцијата во Вашингтон со италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека верува во директни средби.

Тој притоа оцени дека имало полза од неодамнешните негови тет а тет разговори со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Сингапур и со претседателот на Русија Владимир Путин во Хелсинки.

„Ќе се сретнам со секој. Верувам во средби, премиерот тоа го кажа подобро од кој било друг. За да зборувате со други луѓе, особено за потенцијалите на војната и смртта, гладта и многу други работи, се сретнувате. Нема ништо лошо во сретнувањето“.

Во мај, Трамп ги повлече САД од договорот за нуклеарната програма на Иран, изработена од неговиот претходник Барак Обама и повторно воведе остри санкции врз Иран.

Вашингтон најави дека ќе ги заострува санкциите се додека Техеран не ја смени политиката на Блискиот Исток, што вклучува и поддршка на екстремистичките групи во тој регион.

Новинската агенција Ројтерс деновиве јави за најновата комуникациска стратегија на Белата куќа дизајнирана да ја поткопа поддршката за иранското раководство.

Неколку часа пред изјавата на Трамп, Техеран отфрли секакви преговори со Вашингтон.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG