Достапни линкови

Шумските пожари донесоа многу тага во Грција


Грција по пожарите: морав да го спасам синот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Грција по пожарите: морав да го спасам детето

Шумските пожари што ја зафатија Грција однесоа десетици животи, меѓу нив и цели семејства кои не успеаа во нивниот обид да и избегаат на огнената стихија. Некои пак, иако ја преживеале, уште долго не ќе можат да најдат спас од неа.

Панајотис Дагалос беспомошно плаче покрај неговиот изгорен автомобил. Заедно со неговиот шура бара во јагленисаните остатоци и пепел до возилото некаков личен предмет што и припаѓал на неговата сопруга.

Дагалос и неговата сопруга Калиопе, почнале да ги пакуваат своите предмети во автомобилот на улицата надвор од станот каде што престојувале во Мати, за да избегаат од пожарот што го зафатил регионот.

„Пожарот започна од оваа страна, го видовме околу шест, шест ипол часот попладне и почнавме да ги подготвуваме нашите работи за да ги ставиме во колата“.

Панајотис вели дека огнената стихија доаѓала многу брзо.

Беше толку брзо, и во еден момент бевме заедно тука за да го стартуваме автомобилот, сите - сите автомобили беа тука, сите автомобили“.

Улиците околу нив почнале да се пренатрупуваат со автомобили со луѓе кои се обидувале да ја напуштат областа.

Панајотис вели дека немало време за губење и затоа го фатил својот тригодишен син Григорис и и рекол на жената дека ќе мораат сите заедно да бегаат кон морето.

Го зедов детето и се стрчав кон морето, а жена ми не знам што се случи, мислам дека тука изгоре“, вели Панајатос кој сфатил оти таа не била со нив кога стигнал на плажата.

„Не ја вртев главата назад, ништо, трчав кон морето, ја запомнив патеката, бидејќи последниот ден пливавме на плажа, па знаев каде да одиме“.

Панајотис чии очи се отечени и црвени од плачење, со изгореници на рацете и нозете постојано кажува дека морал да го спаси детето и оти се се случило многу брзо.

Во шумските пожари околу овој грчки туристички град загинаа најмалку 74 лица, вклучувајќи семејства со деца пронајдени прегрнати додека се обидувале да избегаат од огнот.

Ова беа најакстрофалните шумски пожари во Грција, по оние наполуостровот Пелопонез во август 2007 година, кога загинаа десетици луѓе.

Премиерот Алексис Ципрас прогласи тридневна национална жалост.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG