Достапни линкови

Крај на вонредната состојба во Турција?


Во Турција заврши вонредната состојба
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Во Турција заврши вонредната состојба

Во Турција заврши вонредната состојба која беше воведена во јули 2016 година по неуспешниот пуч и која донесе големи чистки во медиумите и опозицијата и до масовни отпуштања од државните институции. Вонредната состојба беше продолжувана седум пати. Последното тримесечно продолжување истече денеска.

За време на вонредната состојба, според некои податоци, над 110 илјади луѓе биле отпуштени од работа, додека околу илјада ипол главно, војници и новинари се осудени на доживотен затвор.

Повеќе од 77 илјади луѓе биле уапсени поради нивните наводни врски со исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен кој е во егзил во САД и кого Анкара го обвинува за обидот за воен удар.

Во неделата во Турција со големи собири беше одбележена две годишнината од неуспешниот воен удар во кој загинаа скоро 290 луѓе.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган кој победи на претседателските избори во минатиот месец и положи свечена заклетва на 9 јули, под новиот извршен владин систем кој ја концентрира власта во рацете на претседателот, им се обрати на десетици илјади луѓе кои се собраа мостот во Истанбул, кој е преименуван во „15 јули, Мост на маченици“.

„Му ги отсековме рацете на октоподот, на проклетството во Пенсилванија растено во хипокризија, трикови, лаги и во голема тајност, нека се знае. Во последните две години, главно ги скративме структурите на организацијата во рамките на државата, деловниот свет, бирократијата, трговијата, медиумите и граѓанското општество. Преку нашата интензивна дипломатија, ги затворивме т.н. училишта на организацијата кои се куќи на немири во 16 земји. Ние донесовме повеќе од 80 бегалци во нашата земја и му ги предадовме на судството“.

Турската влада сега предлага вонредната состојба да биде заменета со построги антитерористички мерки.

Парламентот деновиве треба да разгледа неколку закони што ги предложи владата а со кои на властите ќе им биде дозволено да продолжат со масовните отпуштања на државните службеници и да задржуваат осомничени во притвор до дванаесет денови.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG