Достапни линкови

Северна Кореја и натаму е за разговори со САД


Северна Кореја: неопходен е самит со САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Северна Кореја: неопходен е самит со САД

Северна Кореја соопшти дека и натаму е подготвена за разговори откако американскиот претседател Доналд Трамп нагло го откажа самитот со Ким Џонг Ун планиран за 12 идниот месец со образложение дека Пјонгјанг имал „огромен бес и отворено непријателство“.

Заменик шефот на севернокорејската дипломатија Ким Кие Гван, одговорарајќи на писмото што Трамп му го испрати на Ким, наведе дека Пјонгјанг останува отворен за решавање на сите прашања со Вашингтон во секое време и на секаков начин.

Тој додаде дека одлуката на Трамп била неочекувана, оценувајќи дека откажувањето на самитот во Сингапур покажува „колку опасно и историски длабоко е непријателство во односите меѓу Северна Кореја и САД и колку е неопходно што поскоро да се реализира самит за подобрување на односите меѓу двете земји“.

Претходно, Трамп ја откажа историската средба со севернокорејскиот лидер наведувајќи го отвореното непријателство на Пјонгјанг.

Притоа тој предупреди дека американската војска е подготвена во случај на непромислени дела од Северна Кореа.

Сепак, Трамп изрази уверување дека Ким ќе сака да го направи она што е исправно.

„Па, ќе видиме што ќе се случи, се надевам дека ќе продолжиме понатаму, ќе видиме, но ние сме во многу силна позиција. Мислам дека сакаат да го направат она што е исправно“.

Пред тоа, Северна Кореја ја повтори својата закана дека ќе се повлече од самитот, кој требаше да ги реши проблемите околу нејзината програма за нуклеарно оружје и предупреди дека е подготвен за нуклеарна пресметка со Вашингтон, доколку е потребно.

Во меѓувреме, Пјонгјанг го потврди уривањето на местото за нуклеарно тестирање во Пунџи-ри.

„Потврдено е дека при уривањето немало истекување на радиоактивни материјали, ниту негативно влијание врз околината“, изјави заменик-директорот на Институтот за нукеарно оружје на Северна Кореја.

Како сведоци на уривањето на местото за нуклеарни проби беа поканети новинари од Кина, Русија, САД, Јужна Кореа и Британија.

Северна Кореја на ова место изведе шест нуклеарни тестови во периодот меѓу октомври 2006 и септември 2017 година.

Прекинувањето на нуклеарните тестови, како што соопшти Пјонгјанг, претставува важен процес во насока на глобалното нуклеарно разоружување.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG