Достапни линкови

Кризната состојба на границите поради мигрантите да продолжи


Архива: Мигранти одмораат во транзитниот камп Вунојуг во Гевгелија.

Постои илегална миграција и затоа е неоходно продолжување на кризната состоба на северната и јужната граница, велат претставници на граѓанските организации. Владата до Собранието поднесе предлог за продолжување на рокот за постоење кризна состојба до 31 декември оваа година.

Бегалците и мигрантите кои минуваат низ Македонија на патот кон Западна Европа се соочуваат со предизвици, некои од нив се жртви на криумчари и затоа им е потребна заштита од институциите, вели активистот Јасмин Реџепи од граѓанската организација „Легис“ коментираќи го предлогот на Владата за продолжување на рокот за кризната состојба поради состојбата со мигрантите и бегалците.

Ние сме таму како невладин сектор, а тука се и државните институции во двата кампа на двете граници да им пружат помош на тие луѓе. Доколку не се пролонгира кризната состојба, тогаш ќе биде под прашање што ќе се случи со транзитните центри и на кој начин би се давале тие услуги и би се заштитиле тие лица кои нерегуларно тразнзитираат низ нашата држава“, вели Реџепи.

Владата до Собреанието поднесе предлог за продолжување на рокот за постоење кризна состојба до 31 декември оваа година. Поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Македонија. Предлогот денеска го разгледува собраниската Комисија за одбрана и безбедност, а на пленарна седница е ставен на 21 мај.

Кризната состојба на јужната и на северната граница беше воведена во август 2015 година и потоа неколкупати е продолжувана, поради транзитото на мигранти низ Македонија, според анализите на безбедносните институции во земјава. Сега Владата бара рокот да биде продолжен до 31 декември 2018 година.

Целта е да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите на Армијата и на Министерствотот за внатрешни работи во обезебедување, заштита и чување на границите, сотои во барањето на Владата до Собранието.

Реџепи вели дека во моментов во трзнитниот центар Винојуг во Гевгелија има околу 30 бегалци и мигранти, додека во Табановце има десетина, бројка која се менува секојдневно, но состојбата е таква една година.

Во однос на нелагалната миграција, Реџепи повикувајќи се на извештаи на нивната организација наведува дека околу 5000 луѓе поминале низ земјава, од Грција или од Србија, во периодот од август 2016 година.

„Од април 2017 до април 2018 година тој број е од околу 900 луѓе кои поминуваат низ нашата територија. Дел од нив одат кон север, дел од нив се враќаат“, вели Реџепи.

Состојбата во Македонија со бегалците и мигрантите според извештаите на граѓанските организации е релативно мирна.

Хелсиншкиот комитет за човекови права во последниот извештај забележува дека постојат чести движења на поединци и групи кои доаѓаат од Грција или се враќаат од Србија и дека нема значителни промени во камповите.

„На јужната граница во Гевгелија, сè уште се присутни мешани полициски патроли, во март беа присутни полициски службеници од Чешка и Австрија, а пристигна нов тим на полициски службеници од Унгарија. Истиот месец транзитниот камп во Винојуг го посетија полицајци од Белорусија“, велат од Хелсиншки.

Според статистичките податоци од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) од први до 20 март 2018 година, низ македонија поминале 263 мигранти од двата правци (Грција и Србија.).“

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG