Достапни линкови

Северна Кореја: нема самит ако САД бараат целосна денуклеаризација


Северна Кореја се закани со откажување на самитот со САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Северна Кореја се закани со откажување на самитот со САД

Северна Кореја ја доведе под прашалник најавената историска средба меѓу нејзиниот лидер Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп закажана за 12 јуни во Сингапур. Северна Кореја не сака Вашингтон да инсистира на целосно напуштање на нејзината програма за нуклеарно оружје.

„Ако Соединетите држави се обидат да не присилат на наше еднострано напуштање на нуклеарното оружје, ние веќе нема да бидеме заинтересирани за ваков дијалог и можеме да ја преиспитаме одлука за самитот“, изјави заменик министерот за надворешни работи на Северна Кореја Ким Кије Гван за државната новинска агенција.

Според него Северна Кореја, исто така, не е заинтересирана да го напушти своето нуклеарно оружје во замена за економска помош.

„Никогаш не очекувавме поддршка од Соединетите држави за спроведување на нашата економска конструкција“, додаде тој.

Претходно, Пјонгјанг ги прекина разговорите на виско ниво со Сеул, осудувајќи ги воените вежби меѓу Јужна Кореја и Соединетите држави како провокација и против трендот на затоплување на врските меѓу двете земји.

Во Стејт департментот велат дека американските власти не се информирани за промената на ставот на Северна Кореја.

Портпаролот на Стејт департментот Хедер Нојерт вели дека Вашингтон ги продолжува подготовките за самитот.

„Работиме под идејата и претпоставката дека средбата на претседателот ќе се оствари со лидерот Ким во идниот месец“.

Пред неколку денови, односно, во минатиот четврток претседателот Трамп го пофали и му се заблагодари на Ким Џонг Ун што Слободна Кореја ослободитројца американски затвореници, најавувајќи дека можат да се очекуваат добри вести од нивната средба.

Но, сега разговорите меѓу Северна и Јужна Кореја се замрзнати.

Денешната средба меѓу двете земјитребаше да се фокусира врз спроведувањето на декларација од вонредниот самит во април, вклучувајќи ги и ветувања за официјално завршување на Корејската војна и за „целосна денуклеаризација“ на Полустровот.

Портпаролот на јужнокорејсото министертсво за унификација Бајк Тае Хјун изјави:

„Жално е што Северна Кореја одлучи еднострано да ги одложи меѓукорејските разговори на министерско ниво. Таа како причина ја наведе годишната заедничка воздушна вежба меѓу Јужна Кореја и САД“.

За Пјонгјанг оваа вежба е „намерна воена провокација во спротивност со позитивниот политички развој на Корејскиот полуостров“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG