Достапни линкови

Авганистан тешко се отргнува од одгледувањето афион


Голем профит од афионот во Авганистан
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Голем профит од афионот во Авганистан

Црвените цветови ги нема, а полето на Мохамад Надир сега е зелено море на афион со вискозен сок, кој, кога се суши, станува опиум и се обработува за хероин и лекови. Статистиките покажуваат дека опиумот носи околу 1,39 милијарди долари годишно, што е околу 7 насто од бруто домашниот производ на Авганистан.

Овој период од годината е преполн со работа во јужната провинција Кандахар во Авганистан.

Локалните земјоделци си помагаат меѓусебно на нивните полиња, стружејќи ја кафеавата течност од афионот. 35 годишниот Мохмад Надир заработува околу 3 илјади долари годишно од неговиот афион.

БДП по глава на жител во Авганистан е помал од 600 долари.

Неговиот профит не е само негов, бидејќи Талибанците земаат дел од тоа, нудејќи заштита на афионското поле.

Талибанците, исто така, наоѓаат домашни и меѓународни шверцери за продажба на нелегалните производи.

Афионот носи повеќе пари од која било друга култура.

Ако Мохамед Надир се префрли на пченица, неговиот приход ќе падне на околу една третина.

„Владата побара од нас да не одгледуваме афион, но ние ја игнорираме владата и продолжуваме да го негуваме. Талибанците никогаш не ни кажуваат ништо и тие се среќни со нас, бидејќи секоја година собираат пари од фармерите за опиумот“.

Податоците на авганистанската влада покажуваат дека производството достигна рекордно високо ниво во 2017 година, кое се зголеми за 87 отсто од 2016 година.

Областите под одгледување на опиум се зголемија за 63 проценти, додека производството се прошири на областите на север, кои традиционално не се поврзани со ова растение.

Со безбедносната ситуација што се влошува во земјата, уништена од војната, и со Талибанците кои контролираат повеќе делови, сé поголем број земјоделци се свртуваат кон профитабилната трговија што владата и меѓународната заедница се обидоа да ја забранат.

Авганистанските западни поддржувачи долго време се обидуваат да ги убедат фармерите да преминат на легални култури, но недостатокот на инфраструктура за процесирање и транспортирање на производите надвор од Авганистан ја попречува оваа идеја.

Мохамад Надир смета дека владата може да помогне ако им обезбеди шафран:

„Владата мора да ни даде шафран и да обезбеди курс за обука на земјоделците, за да можат да научат како да го негуваат шафран, но за жал владата не прави ништо во овој поглед“.

Шафранот има висока цена и би им овозможил да заработат колку што заработуваат од афионот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG