Достапни линкови

Нова историја меѓу Северна и Јужна Кореја


Историски меѓукорејски самит
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Историски меѓукорејски самит

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин се состанаа во силно утврдената демилитаризирана зона меѓу двете земји на прв самит за повеќе од десет години.

Корејските лидери направија своевидна историја на границата.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин се ракуваа на почетокот на првиот самит меѓу двете земји за повеќе од десет години.

Ким потоа застана на линија на воената демаркација во Панмунџом, со што стана првиот севернокорејски лидер кој стапнал на територијата на Јужна Кореја од Корејската војна во пеесетите години од минатиот век.

Ким го изненади Мун, повикувајќи го да го стори истото.

Целта на состанокот е да се стави крај на конфликтот и олеснување на тензиите околу програмата за нуклеарно оружје на Пјонгјанг.

Ким се потпиша во гостинска книга, запишувајќи „Сега започнува нова историја“.

„Ние сме на стартна линија денес, каде што се пишува нова историја на мир, просперитет и меѓукорејски односи“.

Претседателот на Јужна Кореја пак изјави дека се надева на искрени разговори:

„Се надевам дека ќе можеме искрено да разговараме и да постигнеме договор да им дадеме голем подарок на Корејците и на луѓето ширум светот кои сакаат мир“.

Севернокорејскиот лидер деновиве го изненади светот, објавувајќи дека го затвора единственото познато место за нуклеарно тестирање во земјата.

Меѓутоа, сé уште постои скептицизам кај експертите.

Некои се прашуваат дали Ким е подготвен да го напушти тешко заработениот нуклеарен арсенал што неговата земја го развиваше и го бранеше со децении.

Северна и Јужна Кореја сè уште се технички во војна, бидејќи корејската војна завршила со примирје - а не со мировен договор.

Во меѓувреме, Соединетите држави на самитот гледаат со голем интерес.

Претседателот Доналд Трамп веќе има најавено негова средба со Ким, најверојатно во мај или јуни годинава.

Како дел од тоа беше и тајната средба во март меѓу Ким Џонг Ун и тогашниот директор на ЦИА, а сега државен секретар Мајк Помпео.

Белата куќа изрази надеж дека разговорите ќе помогнат да се создаде мир и просперитет на Корејскиот полуостров.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG