Достапни линкови

Сириски бегалци се враќаат во земјата


Бегалци од Сирија се враќаат во нивната земја
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:54 0:00

Бегалци од Сирија се враќаат во нивната земја

Неколку стотици Сиријци кои со години живееја како бегалци во Либан, заминаа за својата родна земја. Тоа е редок случај на масовно враќање на оние што ја напуштија земјата по почетокот на сириската граѓанска во 2011 година.

Над петстотини лица, вклучувајќи и деца, ја напуштија областа Шеба во југоисточниот дел на Либан.

Тие со 15 автобуси заминаа за областа Бејт Џин во Сирија, во западниот дел на Гута, која во декември лани провладините сили ја освоија од бунтовниците. Ала Отман вели:

„Човек може да заборави сè, освен на својата татковина. Оние што не живеат во Сирија не знаат ништо. Оние што ја напуштаат Сирија знаат за нејзината вредност, Сирија е мајка на сиромашните Во Сирија може да се живее, без оглед како. Во други земји умирате“.

Со него се согласува Аднан Хамадех кој вели:

„Без оглед на тоа колку долго некои се отсутни, тие ќе се вратат во својата татковина. Не можам да кажам ништо друго. Љубовта кон нашата татковина е поважна од било што друго во светот. Сакам да ја видам мајка ми, браќата и семејството и да пробаме и се надевам дека ќе можеме повторно да ја изградиме оваа земја“.

Јунес Отман предвидува дека нема да биде лесно:

„Целото село е уништено, мораше тоа да се случи, бидејќи таму беа вооружени лица. Мора повторно да го изградиме и да ја градиме нашата иднина и тоа е тоа“.

Конвојот, како што објави државната новинска агенција, бил организиран од либанските власти.

Агенцијата на Обединетите нации за бегалци УНХЦР соопшти дека во овој момент не била вклучена во организирањето на ова или други враќања, со оглед на тешката хуманитарна и безбедносна ситуација во Сирија.

Сириската влада повторно ја презеде контролата врз западна и источна Гута по неколкуте договори за евакуација, постигнати со бунтовниците.

Официјален Дамаск вети дека ќе ги рехабилитира уништените села иградови за да можат да се вратат оние што избегаа од војната.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG