Достапни линкови

„Македонија 2025“ - поврзување на Македонците од дијаспората со родниот крај


Самит „Македонија 2025“

Самитот Македонија 2025 е можност за запознавање и вмрежување на претставниците на бизнис секторот од државата со оние од развиените економии.

Организација на Македонците во дијаспората „Македонија 2025“ повеќе од деценија на настаните кои ги одржува во државава носи значајни имиња од глобалниот бизнис со цел да се дознаат светските практики, но и да се претстават можностите за инвестирање тука. Најголемиот настан, Самитот Македонија 2025, е можност за запознавање и вмрежување на претставниците на бизнис секторот од државата со оние од развиените економии.

„Самитот минатата година имаше 50 говорници кои дојдоа во Македонија од целиот свет. Говорници кои се тука пред сè да го пренесат своето знаење од различни индустрии и области и луѓе кои се потенцијални инвеститори во Македонија. Самитот е една платформа во која ние сакаме да овозможиме дополнителен економски развој за нашите македонски компании. Сакаме да им овозможиме можност да пристапат до глобални пазари да ги извезуваат своите продукти или услуги надвор од Република Македонија“, вели Васе Георгиевска, менаџер во Македонија 2025.

Една долгорочните цели на организацијата е мотивација на Македонците од дијаспората да инвестираат во родната земја.

„Членовите на одборот на директори на Македонија 2025 се луѓе кои што се успешни во дијаспората и коишто имаат реализирано инвестиции. Така што преку нивните примери ние може да укажеме дека овие инвестиции се профитабилни и сакаме да укажеме дека има можност секој еден поединец од дијаспората да инвестира назад во самата држава“, потенцира Георгиевска.

Годинава за прв пат со информативни средби во неколку градови организацијата се обидува да запознае што повеќе граѓани со едукативните програми и бизнис настани кои имаат за цел образовен и економски развој на Македонија. Освен Македонците да одат во Канада и Соединетите Американски Држави, на обуки и слични програми, во родниот крај можат да дојдат и членовите на дијаспората.

„Летното бизнис патување кое што го одржуваме за млади луѓе од дијаспората да дојдат тука да се запознаат со Македонија. Но, исто така имаме и врвни образовни програми за извршни директори коишто секако ќе одат во Канада или во САД, а потоа добиените вештини ќе можат да ги применат тука во земјата. Новитет на нашата организација е нова програма којашто ја воведовме во 2018 за микро, мали и средни претпријатија која е финансирана од Фондацијата Битов. Секако тука е и една програма којашто е сега во тек за сите млади претприемачи и бизнис професионалци од Македонија, наречена Лидер проект“, изјави Ема Јакимовска, асистент за комуникации.

Самитот Македонија 2025 годинава ќе се одржи во ноември во Скопје.

XS
SM
MD
LG