Достапни линкови

САД, Франција и Британија за воена акција во Сирија


Западот разработува план за воени удари врз Сирија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Западот разработува план за воени удари врз Сирија

Западните земји, предводени од Соединетите држави, разработуваат план за воени удари врз Сирија по извештаите дека сирискиот режим користел хемиско оружје во нападите врз Дума, последното упориште на бунтовниците кај Дамаск. Експертите предупредуваат на можна ескалација на конфликтот.

Францускиот аналитичар Доминик Моиси, виш советник во Институтот Монтењ во Париз, оценува дека и покрај ризикот за ескалација на ситуацијата е неопходна некаква акција во Сирија.

Според него, сирискот режим ја минал црвената линија, односно употребил хемиско оружје и затоа треба да се реагира.

„Постои ризик, ризик од ескалација. Значи, ударот во Сирија не е добро решение, но ништо да не се прави по употребата на хемиско оружје, е уште полоша алтернатива“.

Тој оценува декарезултатите од тие удари на долг рок ќе бидат веројатно незначителни, бидејќи сега, како што вели, е премногу доцна со оглед на тоа што режимот на Башар Асад, поддржан од Русија и Иран, ја добива битката.

„Значи, симболично ќе тргнеме по многу конкретни цели без стратешки последици, но се надевам дека со дипломатски и со политички последици“.

Рауел Марк Герех, од Фондација за одбрана на демократиите е на слично мислење.

„Најмногу тоа би било уште едно предупредување до оската на Асад, до Москва, до Техеран да не се користи отровен гас, но веројатно тоа ќе биде зелено светло за нив да користат нешто што сакаат“.

Официјална Москва го предупреди Вашингтон дека евентуалните воени удари врз Сирија ќе претставуваат воена злосторство и оти тоа би можело да предизвика директен судир меѓу САД и Русија.

Францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот рече дека Франција ќе се залага за зачувување на „стабилноста“ во регионот, но нема да толерира „режими кои мислат дека сè им е дозволено“.

Во меѓувреме, британската влада и даде „зелено светло“ на премиерката Тереза Меј да и се приклучи на евентуалната воена акција на САД и Франција поради хемискиот напад во Сирија.

Британската влада соопшти дека е согласна со потребата за преземање мерки за намалување на хуманитарните проблеми и за спречување на натамошна употреба на хемиско оружје во Сирија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG