Достапни линкови

Постсоветскиот хаос и ризикот од нервни отрови


Руските нервни отрови потенцијална закана
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Руските нервни отрови потенцијална закана

Британската влада соопшти дека Русија е виновна за труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал со нервен агенс. Повеќето специјалисти за хемиско оружје се согласуваат со тоа. Сепак, според нив, не може да се исклучи и тоа дека нервен отров може да се најде и во рацете на криминалците.

Програмата за хемиско оружје на Советскиот Сојуз беше во голем неред по Студената војна по што некои токсични супстанции можеа да се најдат во раце на криминалците, вели еден од оние што беа дел од таа програма.

Во деведестите години од минатиот век Москва немаше цврста контрола врз своите резерви на хемиско оружје и врз луѓето што ги чуваа.

Додека нервните агенси се деградираат со текот на времето, состојките складирани во соодветни услови, ако се измешани сега, може да бидат смртоносни.

Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија и натаму се во критична состојба откако пред неколку дена во Салсбери паднаа во бесознание.

Кога рускиот банкарски магнат Иван Кивелиди и неговата секретарка починаа во 1995 година еден вработен во државниот институт за истражување на хемикалии призна дека тајно го набавил отровот за еден соработник на Кивелиди.

Вил Мирзајанов, советски научник за хемиско оружје, кој подоцна стана информатор, беше дел од државната програма за хемиско оружје и помогна во развојот на нервниот агенс „Новичок“ со кој, според британската истрага, бил извршен нападот врз Скрипал.

Мирзајанов, сега жител на Принстон, Њу Џерси вели дека сепак верува оти Кремљ стои зад нападот врз Скрипал.

„Кремљ цело време, како и сите криминалци, негира. Тоа не значи ништо. Малку може да му се верува на еден збор на Путин. Така што тоа не значи ништо. „Новичок“ беше измислен и проучен, а експериментално, многу тони и произведен како финален производ. Само во Русија. Никој не знаеше на овој свет. Никој не го поседуваше овој хемиски агенс“, вели тој.

Според Мирзајанов, овој нервен отров бил тестиран во Узбекистан.

Советската програма за хемиско оружје беше распространета во многу градови во земјата која го имаше најголемиот хемиски арсенал во светот, околу 40.000 тони.

Кога Советскиот Сојуз престана да постои, финансирањето запре, платите на научниците доцнеа, а објектите останаа со мала владина контрола или надзор, така што некои од вработените, почнале да ги продаваат супстанциите.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG