Достапни линкови

Трамп: САД ќе имаат вселенски сили


Трамп размислува за нов воен род, вселенски сили
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

Трамп размислува за нов воен род, вселенски сили

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за формирање вселенски сили. Тој исто така изрази оптимизам и во врска со предложените разговори со Северна Кореја.

„Ние правиме прилично добра работа со Кореја во моментов, надевајќи се дека нешто многу позитивно ќе излезе од тоа. Ќе видиме. И ние сме подготвени на се“.

Трамп во говорот во Маринскиот корпус Мирамар во Калифорнијадодаде:

„Јас навистина верувам дека нешто многу позитивно може да се случи. Одлично за Кореја, Северна и Јужна, и одлично за светот и одлично за оваа земја“.

Наведувајќи дека неговата администрација многу инвестирала за одржување на моќниот нуклеарен арсенал Трамп оцени дека Соединетите држави всушност немаат друг избор:

„Ние исто така ги модернизираме нашите нуклеарни капацитети и ја обновуваме нашата нуклеарна инфраструктура. Инвестираме повеќе пари отколку што некогаш сме направиле, бидејќи мораме да бидеме напред пред која било друга земја. Тоа е способност што никогаш не сакаме да помислиме да ја користиме, но мораме да бидеме подготвени и на нуклеарен фронт“.

Трамп зборуваше и за вселенската програма која, како што рече, има за цел да се стигне на Марс.

Тој притоа истакна дека разгледувал создавање нов род на американската војска кој ќе се фокусира врз вселената.

„Мојата нова национална стратегија за вселената препознава дека вселената е домен на војна, исто како и копното, воздухот и морето. Можеме да имаме и вселенски сили“.

Претседателот Трамп ги повтори и критиките до таканаречените „свети градови“ во Калифорнија, како Лос Анџелес и Сан Франциско чии локални власти одбиваат да соработуваат со федералните имиграциски службеници кои бараат депортација на илегалните имигранти.

Тој оцени дека овие градови не го почитуваат Уставот и штитат криминалци.

Трамп во Калифорнија разгледа осум различни прототипови на ѕид на границата на Соеднинтите држави со Мексико што вети дека ќе го изгради за да го спречи влегувањето на илегалните имигранти.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG