Достапни линкови

Уште една оставка на близок соработник на Трамп


Главната советничка на Трамп за комуникации, поднесе оставка
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:10 0:00

Главната советничка на Трамп за комуникации, поднесе оставка

Уште еден близок и соработник на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе оставка. Станува збор за Хоуп која беше со Трамп уште од почетокот на неговата претседателска кампања.

Хоуп Хикс, како што соопшти портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс, поднесе оставка од функцијата директор за комуникации во Белата куќа.

До ова доаѓа еден ден откако Хикс сведочеше пред Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом.

Сослушувањето беше во врска со истрагата за руското мешање на претседателските избори во 2016 година.

Весникот „Њујорк тајмс“ објави дека за време на сведочењето таа признала оти понекогаш кажувала „бели лаги“ за претседателот.

Некои од конгресмените кои присуствуваа на сослушувањето изјавија дека Хикс, која му беше портпаролка на Трамп за време на изборната кампања, одбила да одговори на прашања за своето време во Белата куќа.

Портпаролката Сандерс изјави дека одлуката на Хикс да замине не била поврзана со нејзиното сослушување пред Комисијата на Конгресот.

Поранешната моделка Хикс беше четврти директор за комуникации во Белата куќа. Таа позицијата ја презеде од Ентони Скарамучи, а претходно таму беа Шон Спајсер и Мајк Дубке.

Се уште не е јасно кога ќе се случи точното заминување на Хикс, но се очекува тоа да биде во текот на следните неколку недели.

Хикс вообичаено беше лице зад сцената, но неодамна таа и началникот на Генералштабот Џон Кели беа критикувани за нивното справување со обвиненијата за семејна злоупотреба против секретарот на персоналот во Белата куќа Роб Потер, со кога таа наводно имала врска.

Портер конечно беше принуден да поднесе оставка.

Во меѓувреме, претседателот Трамп уште еднаш го нападна главниот обвинител Џеф Сешн во врска со тоа како се вршела истрагата околу можната соработка на соработниците на Трамп со Москва, односно руското мешање во претседателските изборите во 2016 година.

Сешн кој се откажаа од надгледувањето на истрагата во врска со Русија досега воопшто не одговараше на постојанитекритики на Трамп.

Но, по најновата тој изјави: „се додека сум јас јавен обвинител, ќе продолжам да ги исполнувам моите должности со интегритет и со чест“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG