Достапни линкови

Шверцерите ја поттикнуваат миграцијата кон ЕУ


Јужните граници на ЕУ и натаму под голем мигрантски притисок
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Јужните граници на ЕУ и натаму под голем мигрантски притисок

Јужните граници на Европската унија ќе останат под многу голем притисок од мигранти кои се обидуваат да стигнат до побогата Европа, соопшти Фронтекс, пограничната агенција на Унијата.

Откако со договорот меѓу ЕУ и Турција во 2016 година главно беа прекинати нерегуларните пристигнувања на сириските бегалци во Грција сега, според Фронтекс, скоро две третини од околу 205.000 луѓе кои се обиделе незаконски да стигнат во Европа лани се африкански државјани.

Агенцијата соопшти дека речиси 120 илјади луѓе биле фатени обидувајќи се од Либија со шверцерски бродови да стигнат до Европската унија, додека над 42.000 мигранти биле фатени во обидот од Турција да влезат во Грција. Околу 23.000 тоа сакале да го сторат од Алжир и Мароко во Шпанија.

И додека бројките на рутата меѓу Либија и Италија бележат намалување од минатиот јули, кога либиските фракции и власти - под притисок на Италија и ЕУ - почнаа да го блокираат заминувањето, се забележува поголем притисок врз делот кај Шпанија, каде што има двојно зголемување на обидите за влез во Унијата.

Извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Легери, изјави:

„Притисокот, да кажеме, нерегуларниот миграциски притисок врз нашите јужни граници на Медитеранот, ќе остане на многу високо ниво“, вели тој.

Легери посочи дека чуварите на турското крајбрежје и турските власти биле многу активни и правилно ја контролирале нивната западна граница.

„Но, ние гледаме дека присуството на криминални мрежи во Турција, но, исто така, морам да кажам и во Либија и во Мароко, може да ги стават под притисок локалните власти, бидејќи ова е некаков фактор на поттик за нелегалните мигранти, ако знаат дека криминалните организации можат да им помогнат да се преселат во Европската унија“.

Европската унија почна да ја спречува илегалната миграција од бурниот Блиски Исток и од сиромашните африкански земји во 2015 година, кога повеќе од милион луѓе стигнаа во Европа.

Тоа пак, предизвика своевиден подем на националистичките, антимигрантските и популистичките групи во земјите членки на Европската унија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG