Достапни линкови

Орбан: опасноста доаѓа од Брисел, Берлин и Париз


Орбан: христијанството е последна надеж за Европа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Орбан: христијанството е последна надеж за Европа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повика на глобален сојуз против миграцијата. Неговиот говор за состојбата на нацијата, според аналитичарите, е почеток на изборната кампања на неговата десничарска популистичка партија Фидес. Орбан на изборите на 8 април очекува да освои трета последователна и убедлива победа.

Популарен дома, но во се поголеми политички и економски расправии со неговите колеги во Европската унија, Орбан ја прошири својата контроверзност со повторни судири со Брисел, а во последно време и со Обединетите нации.

Овие конфликти, главно фокусирани врз миграцијата, се интензивираа како пристап на изборите, а Орбан се повеќе почна да се претставува како спасител на европските христијански земји.

За време на неговото владеење, 54 годишниот Орбан користеше методи кои критичарите ги оценија како авторитарни и беше против западните партнери во Европската унија.

Источните лидери, особено во Полска, го следеа неговото водство. Но, сега миграцијата доминира во неговата агенда.

Орбан во неделата рече дека Европа се соочува со критична пукнатина меѓу националните држави на Истокот и Западот:

„Без оглед на причината, Западна Европа стана имигрантска зона, мешан свет на население што оди во нова насока различна од Централна Европа“.

Наведувајќи дека Западот сака источна Европа да го следи неговото водство, Орбан оцени дека станува збор за многу опасна борба:

„Ситуацијата е што опасноста со која се соочуваме доаѓа од Западот, од политичарите во Брисел, Берлин и Париз. Тие сакаат да ги усвоиме нивните политики кои ги направија своите земји во имиграциски земји и го отворија патот за падот на христијанството и за ширење на исламот“.

Орбан веќе со години е против американскиот финансиер, Џорџ Сорос, роден во Унгарија, чија филантропија има за цел да ги зајакне либералните и отворени вредности.

Во говорот тој за Сорос реше дека бил марионетскиот мајстор кој на поттикна имиграцијата во Европа за да го поткопа нејзиниот културен и економски интегритет.

Клучниот момент на неговото владеење дојде во 2015 година, кога мигрантската криза достигна врв и кога изгради двојна ограда на границата, која стана симбол на антимигрантските чувства во Европа.

Во говорот тој оцени дека унгарската опозиција не успеа да го послуша повикот на историјата и се спротивстави на неговата цврстина на мигрантите.

Гласачите позитивно одговорија и Орбан е јасен лидер на сите изборни анкети.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG