Достапни линкови

Нетанјаху: не направив ништо лошо, останувам премиер


Нетанјаху ги отфрли наводите за корупција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:10 0:00

Нетанјаху ги отфрли наводите за корупција

Израелската полиција препорача покренување обвинување против премиерот Бенјамин Нетанјаху за два случаја на поткуп. Тој пак тврдењата ги оцени како неосновани и најави дека ќе остане на функцијата.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави дека цел свој живот работел за Израел и најави дека ќе остане на таа функција и покрај тоа што израелската полиција препорача против него да биде покренато обвинување за два случаја на корупција.

„Таквите препораки не значат ништо во демократско општество“, рече Нетанјаху во телевизиското обраќање до нацијата.

„Граѓани на Израел, јас не сум тука за лична корист. Ако тоа ме водеше, јас би бил на некое друго место одамна. Она што ме води е една работа: да ја осигурам иднината на нашата држава. Затоа да ви кажам, владата ќе продолжи да работи. Заедно со сите владини министри ќе продолжиме да го претвораме Израел во меѓународна сила“.

Нетанјаху додаде дека се што правел правел за Израел, а не за цигари од пријатели и за подобро медиумско покривање.

Тој повторно одрече дека примал скапи подароци од холивудскиот продуцент Арон Милхан во замена за услуги.

Нетанјаху е осомничен и за тоа дека со издавачот на израелскиот весник „Једиот ахронот“ се договорал поволно да известува за него во замена за намалување на влијанието на конкурентскиот дневник.

Нетанјаху ја обвини полицијата дека води лов на вештерки против него.

Полицијата пак наведе дека откако Нетанјаху станал премиер обемот на подароци значително се зголемил и дека заедно неговата вредност е околу 280 илјади долари.

Што се однесува до продуцентот, во замена за подароци Нетанјаху настојувал да биде усвоен таканаречен „Закон Милхан“ со кој би бил намален данокот за израелците кои се враќаат во Израел по извесно време поминати во странство.

Полицијата наведе дека премиерот дејствувал против јавниот интерес.

Сега израелскиот јавен обвинител треба да реши дали да покрене обвинување против Нетанјаху.

Овој процес би можело да потрае неколку недели, па и месеци.

Министерот за правда Ајелет Шакед изјави дека премиерот не мора да даде оставка на функцијата.

68 годишниот Нетанјаху на функцијата премиер досега има поминато 12 години.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG