Достапни линкови

Барањето амандмани привремено ја затвори владата на САД


Зошто дојде до привремено затворање на владата на САД?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Зошто дојде до привремено затворање на владата на САД?

Надежите за брзо усвојување на законот за задржување на функционирањето на владата на Соединетите држави исчезнаа откако републиканскиот сенатор Ранд Пол го искористи процедуралното право и го спречи гласањето. Со тоа дојде до привремено делумно затворање на некои служби на американската влада.

Сенаторот Пол пред гласањето побара дебата за неговиот амандман за намалување на зголемените федерални трошоци.

„Се кандидирав за функцијата, бидејќи бев многу критичен за дефицитот од билион долари на претседателот Обама. Сега републиканците рака под рака со демократите ни нудат билиони долари дефицит. Не можам со сета чесност и добра волја само да гледам поинаку, бидејќи мојата партија сега е соучесник во дефицитот. Но, навистина, кој е виновен? Двете партии“.

Тој притоа забележа што воопшто не се дозволени амандмани во, како што рече, најважната дебата што ја има Конгресот еднаш годишно, а тоа е како да се трошат буџетските пари.

„Имаме закон од седумстотини страници што никој не ги прочитал, кои беа испечатени на полноќ. Никој нема да го прочита овој предлог-закон. Ништо нема да се реформира. Трошењето ќе продолжи и владата и натаму ќе ги зема вашите пари неодговорно, додавајќи долг од 20 билиони долари“.

Лидерите на републиканците и на демократите во Сенатот Мич Меконел и Чак Шумер побараа да се гласа за договорот за трошоците што го постигнаа двете партии, наведувајќи дека станува збор за важен закон со кои се регулира финансирањето на многу федерални приоритети како например воените и оти законот ја има поддршката одпретседателот Доналд Трамп.

„Разбирам што мојот пријател и колега од Кентаки не му се придружи на претседателот во поддршката на законот и тоа е негово право да гласа против законот. Но, би рекол дека е време за гласање“.

Со републиканецот Меконел се согласи и лидерот на демократите Шумер кој изјави:

„Тешкотијата што ја имаме тука е дека владата ќе се затвори. Сè уште имаме Претставничкиот дом кој треба да гласа. И искрено, на моја страна има многу амандмани. И тешко е да се тврди дека ако едно лице добие амандман оти сите други нема да сакаат амандмани, а потоа ќе бидеме тука многу долго време“.

Владата на САД три дена беше затворена откако на 19 јануари Белата куќа и Конгресот не успеаја да постигнат договор за финансирањето.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG