Достапни линкови

Трамп бил советуван да не зборува со специјалниот советник Мулер


Адвокатите не сакале Трамп да разговара со Мулер
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Адвокатите не сакале Трамп да разговара со Мулер

Адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп го советувале да не оди на разговор кај Роберт Мулер специјалниот советник кој го истражува можниот заговор меѓу Русија и изборниот штаб на Трамп за да се влијае врз претседателските избори во 2016 година. Ова го пишува Весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се неколку добро информирани извори.

Весникот наведува дека адвокатите биле загрижени оти со оглед на наклонетоста на Доналд Трамп за давање лажни изјави, како и неговата контрадикторност, тој би можело да биде обвинет за лажење на иследниците.

Трамп во минатиот месец изјави дека е подготвен да биде интервјуиран под заклетва од специјалниот советник Роберт Мулер. „Дали ќе разговарате со Мулер?“

„Со нетрпение го очекувам тоа, всушност. Еве ја приказната, само за да разберете. Немаше никаков заговор, никаква опструкција“.

Сепак, новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се анонимен извор, наведува дека сé уште не е донесена одлука дали Трамп ќе се согласи на интервју со Мулер.

Трамп негира секаков заговор меѓу неговата кампања и Москва и ги отфрли истрагите за можната руска вмешаност во изборите како лов на вештерки.

Ако претседателот одбие да разговара со Мулер, тогаш тој би можело да го повика Трамп да сведочи пред таканаречената Голема порота.

Таквата судската постапка може да доведе до Врховниот суд кој ќе треба да реши за случајот.

Џон Доуд и Џеј Секулов, кои го предводат тимот адвокати што го советуваат Трамп, сакаат претседателот да го одбие барањето за интервју.

И долгогодишниот личен адвокат на Трамп Марк Касовиц, според „Њујорк тајмс“ исто така бил претпазлив во врска со доброволно дадено интервју.

На сличен став, според „Њујорк тајмс“ бил и Ти Коб, адвокат кој беше ангажиран во јули за да се справи со одговорот на Белата куќа во врска со наводите за руската вмешаност во изборите.

Како одговор на барањата за коментар од Ројтерс, Доуд и Коб испратиле изјава во која се вели дека разговорите меѓу личните адвокати на претседателот и канцеларијата на специјалниот советник за тоа како и под кои услови ќе се разменуваат информации „разбирливо биле приватни“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG