Во неделата, турското Министерство за внатрешни работи објави серија видеоснимки и слики кои прикажуваат брод со грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, чиј пристап беше блокиран до остров Кардак.
„Грчкиот министер за одбрана, кој дојде во регионот со брод за да положи венец, не му беше дозволено да пристапи на Кардак“, соопшти турското министерство.
Сепак, извори во грчкото Министерство за одбрана за новинската агенција Ројтерс изјавија дека церемонијата на положување венец се одвивала во присуство на три бродови на турски крајбрежни стража и еден хеликоптер, кој летал над островот.
Тензиите меѓу Турција и Грција повторно се зголемија откако грчкиот премиер Алексис Ципрас во средата рече дека неговите европски партнери не можеле секогаш да ги ценат предизвиците на живеење со, како што рече, „агресивен“ сосед, каков што е Турција.
Нетрпеливоста и покрај вообичаената дипломатија беше видлива и за време на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Атина во минатиот месец.
За време на прес конференција на забелешката на Ердоган за тоа дека Грција ја сноси одговорноста за пропадните преговори за решение на поделениот остров Кипар изјави:
„Да разјасниме една работа за Кипар. Имам 43 години и ова прашање останува отворено 43 години. Секогаш се дискутира за тоа кој е виновен, но мој драг пријател, господине претседател. никогаш не забораваме дека ова прашање останува отворено, бидејќи пред 43 години имаше нелегална инвазија и окупација на северниот дел од Кипар“.
Освен за турското воено присуство на Кипар Грција и Турција имаат и повеќе други несогласувања, како положбата на муслиманите во северна Грција и толкувањата на меѓународниот договор за дефинирање на границите меѓу двете земји.