Достапни линкови

Директорот на ЦИА Помпео вели дека Путин сaка да ја врати славата на СССР


Помпео: Путин настојува да ја врати славата на СССР
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Помпео: Путин настојува да ја врати славата на СССР

Директорот на ЦИА Мајк Помпео изјави дека рускиот претседател Владимир Путин секој ден се будел со една мисла: „да ја врати славата на поренешниот Советски Сојуз. Според Помпео, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, пак, сакал да го искористи оружјето за остварување на неговата главна намера, власт врз двете Кореи.

Директорот на ЦИА Мајк Помпео во Американскиот Ентрепјаз институт изјави дека тој го гледа рускиот претседател Владимир Путин како човек „наклонет кон враќањето на величината и славата на поранешниот Советски Сојуз“.

„Нашата проценка за намерите на Владимир Путин не се промени, тој продолжува да смета дека најголемиот неуспех на минатиот век било распаѓањето на Советскиот Сојуз. Тој е наклонет да ја врати величината и славата на поранешниот Советски Сојуз“, вели тој.

Помпео смета дека Путин секојдневно се буди со таквата мисла, додека втора негова мисла било, како што рече повторниот негов избор за претседател.

„Тие се поврзани на некој начин. Мислам дека тој се движи во светот дека и ја враќа на домашна публика царската власт на рускиот народ. Тој не е променет“, вели тој.

Притоа, Помпео изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп е свесна за таквото негово држење и оти затоа, треба Соединетите Држави да продолжат да возвраќаат.

Директорот на ЦИА Мајк Помпео во врска со Северна Кореја изјави дека нејзината нуклеарна програма станува се поопасна за Соединетите Држави и оти Пјонгјанг се обидува да развие способност за покренување симултани напади.

Тој додаде дека ЦИА верува оти севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нема за цел само задржување на режимот во земјата, туку сакал да го искористи оружјето за остварување на неговата главна намера, власт врз двете Кореи.

„Значи, ние веруваме дека Ким Џунг Ун, ќе ги искористи овие средства за работи покрај едноставната заштита на режимот. А тоа е да изврши притисок врз она што е негова главна цел, обединување на полуостровот под негова власт“, вели тој.

Токму тоа, според Помпео, ја зголемува опасноста од можноста дека Ким Џонг Ун е подготвен да го искористи оружјето што го поседува.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG