Достапни линкови

Сообраќајната етика - слаба страна на тетовските возачи


Сообраќајната етика - слаба страна на тетовските возачи
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:13 0:00

Сообраќајната етика - слаба страна на тетовските возачи

Спречувањето на несреќи и почитување на сообраќајните правила не може да се постигне само со казни. Сепак, за возачот треба да постои и етичко однесување.

Возење преку тротоари и зелени површини, паркирање на кружните текови и други недозволени места за возила се само неколку од примерите на несовесно однесување на возачите кои може да се видат во Тетово. Покрај недоволната патна инфраструктура, ова е една од причините за дополнителен хаос во сообраќајот низ градот.

„Сообраќајните незгоди никаде во светот, научно е докажано, дека не може да се избегнат, но можат да се ублажат за да се спаси животот и имотот на возачите и граѓаните. Тоа не е секогаш ефективно само со правните норми, со санкции и казни од страна на надлежните органи, полиција судови итн. Сепак, за возачот треба да постои етичко однесување, треба да се почитуваат моралните норми кај возачите и возачите треба совесно да учествуваат во сообраќајот“, вели Елмир Мустафаи, експерт по сообраќај.

Иако при полагањето за возачка дозвола се добиваа инструкции како да се однесува хумано и етички во сообраќајот, возачите веднаш ги забораваат овие прописи, потенцира експертот.

„Сепак во сообраќајот учесниците треба да бидат конструктивни, да не бидат деструктивни. Како да се однесуваш хумано или етички во сообраќајот, даваш првенство на минување, да ги почитуваш другите кога застануваат, да не бидеш агресивен. Да не пцуеш, да даваш звучни сигнали, да не вршиш некои дејности што се навредувачки, да се чува патот и патната околина, да се чува моторното возило“, вели Мустафаи.

И полицијата има многу работа кога станува збор за неправилните одлуки на возачите, вели портпаролот на Секторот за внатрешни работи Тетово, Марјан Јосифовски.

„Во текот на минатата 2017 година, на подрачјето на секторот за внатрешни работи Тетово вкупно изготвени биле околу 7.000 опомени за направени прекршоци од полесен карактер. Близу 300 лица биле повикани на тн. сообраќајна поука, станува збор во најголем број за возачи, но и за пешаци. На 320 возачи времено им се одземени дозволите, а изготвени, односно дадена им е можност на околу 2.000 возачи, да впишат негативни поени и тие таа можност ја искористиле и впишале негативни поени во нивните возачки книшки.

Во Тетово на годишно ниво се достигнува бројка од 50 илјади регистрирани возила.

XS
SM
MD
LG