Достапни линкови

Палестинците веќе не прифаќаат посредство од САД


Абас: мировниот договор со Израел е мртов
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:08 0:00

Абас: мировниот договор со Израел е мртов

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека Израел го завршил мировниот договор потпишан во Осло во 1993 година со кој се гарантира палестинска самоуправа. Тој притоа изјави дека не прифаќа американско посредување во разговорите со Израел.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас на состанокот на Централниот совет на Палестинската ослободителна организација изјави дека ќе прифати само широко, меѓународно поддржано тело за да посредува во какви било мировни разговори со Израел.

„Политичките преговори треба да бидат под меѓународно посредување, а не единствено американско посредување. Треба ли да го разјаснам тоа? Ние не ја прифаќаме Америка како медијатор меѓу нас и Израел“.

Сепак, Абас не ја отфрли улогата на Соединетите држави во едно такво тело.

Централниот совет, највисокото тело за донесување одлуки на Палестинците, беше свикан во Рамалах за да се разговара за одговорот на признавањето на американскиот претседател Доналд Трамп Еруаслим да биде главен град на Израел.

Токму ваквиот потег, според Абас, ги дисквалификува Соединетите држави како мировен посредник.

Наведувајќи дека „Ерусалим е симнат од дневниот ред со една брза порака на Твитер на господинот Трамп“, Абас додаде:

„Сега им рековме не на Трамп и на другите, дека нема да го прифатиме неговиот проект. Му рековме дека договорот на векот е шлаканица на векот и ќе се одмаздиме“.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој овој месец ќе ги посети Египет, Јордан и Израел беше предупреден од палестински официјални претставници дека нема да се сретнат со него поради одлуката на Трамп за Ерусалим.

Израел го анектира источниот дел на Ерусалим за кој палестинците имаат намера да биде седиште на нивната идна независна држава, откако го окупира во војната во 1967 година.

Меѓународната заедница никогаш не го призна ова анектирање.

По одлуката на Трамп избувнаа демонстрации не само на палестинските територии, туку и во други мулсимански земји.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG