Достапни линкови

Поправката на микрочипот полоша од заканата за вашата безбедност


Некои големи компании се откажаа од инсталирањето алтаки за исправање на масовната грешка во безбедноста на микрочиповите, која го изложува скоро секој компјутер и паметен телефон да биде хакиран. Тие страхуваат дека решението е полошо од проблемот.

Технолошките компании побрзаа да понудат лек за огромниот недостаток на безбедноста на микрочипот што го изложува секој компјутер и паметен телефон на можно хакирање.

Јавноста и натаму е шокирана од обемот на овој светски проблем. Даниел Грус од Технолошкиот универзитет во Грац, е дел од истражувачкиот тим кој го откри проблемот.

Всушност станува збор за два проблема: едниот наречен Meltdown, кој има влијание врз чиповите направени од Intel, а другиот: Specter, кој ги вклучува сите компјутерски чипови инсталирани во изминатата деценија.

„Ако преземете датотека од Интернет и тоа е извршна датотека или добиете извршна датотека испратена преку елктронска пошта и ја користите на вашиот систем, во било кој од трите случаи, напаѓачот може да инкорпорира Meltdown или Specter напад и со тоа може да истече каква било тајна зачувана на вашиот систем“.

Оваа закана ги поттикна Амазон, Епл, Гугл и Мајкрософт да помогнат во поправката на софтверските закани од Meltdown.

Но, притоа е забележано дека компјутерите стануваат многу бавни. И тоа не е се: безбедносното ажурирање се судира со анти-вирусните софтвери, што пак предизвикува десктоп и лаптоп компјутерите да замрзнуваат.

Некои се загрижени поради тоа што скапото и привремено интензивно надградување на компјутерски системи може да биде полошо од проблемот.

Затоа избираат да почекаат, оставајќи ја и натаму вратата отворена за хакери.

И ова се однесува само за заканата од Meltdown.

Поправањето на Spectеr бубачката се покажа како многу потешко.

Ниту една од главните технолошки компании засега нема целосно решение за тоа.

Епл во петокот предупреди дека сè додека не го направат тоа, сите корисници на нивниот оперативен систем остануваат изложени на ризик додека пребаруваат на интернет.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG