Достапни линкови

Иранците сакаат промени, но не и револуција


Повеќето Иранци се за промени
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

Повеќето Иранци се за промени

Најновите масовни протести во Иран, според аналитичарите, претставуваат излив на незадоволство од економските тешкотии во земјата. Сепак, тие го истакнуваат и расположението кај повеќето Иранцит за мирни промени и реформи.

Ануш Ехтешами, професор по меѓународни односи на Универзитет Дурам вели:

„За разлика од претходните протести во 2009 година, овој избувна за време на претседателствувањето на еден центрист, реформистички кандидат, кој само во минатата година беше реизбран за претседател, со доста значителна јавна поддршка и го искористи тоа како отскочна даска, ако сакате, да ги отвори границите“.

Професор Ехтешами додава дека за жал, со оглед на меѓународните економски проблеми, Иран не успева да се справи со невработеноста која останува висока.

Единствена надеж, според него, е ако иранскиот претседател Хасан Рохани ги искористи протестите како притисок врз тврдокорните во владата и врз верскиот лидер за натамошни реформи и промени.

Демонстрантите првично се фокусираа врз иранската економија, но исто така пееја и против претседателот Рохани, како и врховниот лидер 78 годишниот ајатолах Али Хаменеи.

Некои ја критикуваа воената поддршка на Иран за сирискиот претседател Башар ал Асад, додека други го величеа шахот, поддржан од САД, кој избега пред исламистичката револуција во 1979 година.

Ајатолахот Али Хаменеи ги обвини демонстрантите за непријателите на Иран.

Ардешир Амир Арџоманд, советник на иранскиот лидер на опозицијата Мир Хусеин Мусави вели дека иранците се за радикални промени:

„Тие повеќе не му веруваат на режимот, повеќе не и веруваат на владата, тие веќе не им веруваат. Важно е да се каже дека со структурната корупција во општеството, сè е скапано или тие мислам дека сè е скапано. Тие имаат чувство на неправда“.

Од друга страна, сер Ричард Далтон, поранешен британски амбасадор во Иран меѓу 2003 и 2006 година не очекува овие протести да водат кон поголеми промени:

„Иранските власти се внимателни и моќни и се подготвени да користат контра-насилство и репресија за да се осигураат дека таму нема да се појави секое поорганизирано политичко движење“.

Далтон додава дека повеќето во Иран се за еволуција, но не и за револуција или пресврт во стилот на Арапската пролет.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG