Достапни линкови

Усвоен буџетот на Грција, владата вели последен со финансиска помош


Последен буџет на Грција со услови од меѓународните кредитори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Последен буџет на Грција со услови од меѓународните кредитори

Грчките законодавци синоќа со мнозинство гласови го одобрија буџетот на земјата за 2018 година. Владата вели дека тој ќе биде последен со услови од меѓународните доверители за финансиска помош на земјата. Овие услови ја држеа Грција во состојба на строго штедење скоро осум години.

Грција се потпира врз финансиска помош од доверителите, односно Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, од 2010 година.

Во овој период нејзината економија загуби околу една третина од производството, но сега, според оценките, повторно се враќа економскиот пораст.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека тој сега е сигурен за дефинитивниот крај на финансиската помош.

„За прв пат по осум години, повторно не ги правиме истите работи во овој парламент, бидејќи за првпат по осум години, наеднаш чудно институциите не дојдоа во Грција непосредно пред гласањето за буџетот и да ни кажат дека треба да преземеме нови мерки. И ова е за прв пат со сигурност да знаеме дека ова е последниот буџет со финансиска помош за кој треба да се гласа во грчкиот парламент“.

Ципрас оцени дека станува збор за реален буџет што било доказ дека земјата треба да остане на сегашниот економски курс.

Лидерот на главната опозициска партија конзервативната „Нова демократија“, Киријакос Мицотакис упати критики до, како што рече, „левичарската администрација“ за даночен удар врз населението.

„Ние сме единствената европска земја која се уште е под програма за спасување и нашата економија има најнизок раст во еврозоната“.

Мицотакис додаде дека граѓаните на Грција се надеваат оти овој буџет ќе последен на владата на Ципрас.

За добивање на најновата финансиска помош, владата се согласи дополнително да ги намали трошоците и пензиите, да ја заврши реформата на јавниот сектор и да ги продаде термоцентралите.

Тоа предизвика протести и штрајкови во земјата.

Мандатот на премиерот Ципрас завршува во 2019 година, четири години откако дојде на власт, ветувајќи дека ќе стави крај на штедењето. Финансиската помош во висина од 86 милијарди евра, што тој ја потпиша, завршува во август.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG