Достапни линкови

Модернизација на кумановски Водовод со европски пари


Горан Стојковски, директор на Јавното претпијатие Водовод од Куманово.

Со пари од европските фондови Куманово може инфраструктурно да се модернизира. Во градот се работи за ревитализација на канализационата мрежа во опсег од 25 километри, вредна четири ипол милиони евра.

Горан Стојковски, директор на локалното комунално претпријатие „Водовод“ во Куманово вели дека има пари од фондовите на Европска унија, кои, како што вели, ако се мудри може за да ги искористат, со кои во наредните две години овој град може да доживее кулминација во инфраструктурна изградба.

„Во моментот се прави една проектантска експлозија, особено во Општината Куманово, се изработуваат проекти за атмосферска, фекална и водоводна мрежа за да можеме првично да го решиме овој проблем, за да можат да се градат сите објекти“, вели тој.

Одамна се најавува дека во Куманово ќе се надмине проблемот со инфраструктурата, а граѓаните постојано се соочуваат со ископани улици, дефекти на цевководите, излевања на канализацијата при секој обилен дожд. Стојковски вели дека се работи за ревитализација на канализационата мрежа во градот, во опсег од 25 километри, вредна четири ипол милиони евра, а изведувач е приватна фирма („Жикол“)од Струмица, избрана на меѓународен тендер од Министерството за животна средина, а проектот го контролира („Луј Берже“) еден француско-канадски конгломерат преку тендер од истото министерство.

„Ова е најголем проект последните десет години, а од граѓаните има оправдани и неоправдани забелешки“, додава Стојковски.

Тој исто така реагирал на начинот на работата, меѓутоа од двете страни бил уверен дека се работи високо професионално, затоа што ЕУ која ги дава парите преку ИПА фондовите инсистира на ваков начин на работа во Македонија. Така било работено и во Прилеп и во некои други градови.

„Зошто инсистира? Утврдено е дека без надзорот на ЕУ ниту 30 отсто од работите не се завршени, а се наплатени сто проценти и поради тоа има голем број инспекции, за начин на користење на средства од ИПА фондовите од претходната влада“, вели Стојковски.

Тој појаснува дека надзорот внимава на сите детали во изградба на мрежата, која ќе одговара на градска мрежа, а потоа да се даваат одобренија за приклучоци. Нашите граѓани главно атмосферската вода ја приклучиле на фекална канализацијата и затоа има поплави при дождови, а нема поплави на суво време. За 22 километри атмосферска мрежа изработен е проект преку Центарот за развој на Североисточен плански регион, се бараат средства преку ИПА фондовите таа да се реализира. Во Куманово има само 20-ина километри атмосферска канализација, тоа е проблем и во државава, затоа ќе мора да има нови зафати.

Тоа значи дека пак ќе се копаат улиците.

„Апсолутно. Комплетната вода треба да биде пуштена преку олуци на самите улици, која што преку природен пад ќе доаѓа до сливници кои ќе ја прифаќаат и таа ќе се одлева до колекторот.“

Според Стојковски од изградбата на оваа мрежа ЈП „Водовод“ ќе има бенефит, а и граѓаните.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG