Достапни линкови

ЕУ без решение за поделбите околу мигрантите


ЕУ и натаму поделена околу мигрантите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

ЕУ и натаму поделена околу мигрантите

Две години откако мигрантската криза ја подели Европската унија, нејзините лидери се уште се обидуваат да ги надминат разликите за тоа како да се справат со ова прашање.

Германската канцеларка Ангела Меркел, по разговорите со нејзините колеги за нефункционалните правила за азил, изјави дека останува да се направи уште многу работа, додавајќи дека позициите не се измениле.

„Јасно ставив до знаење дека не сум задоволна од фактот што правилата што ги имаме не функционираат. Солидарноста не може да се примени само однадвор, туку мора да биде и внатрешна. Во врска со ова имаме многу работа. Но, планираме да продолжиме да работиме на ова прашање до јуни следната година“, рече таа.

Поделбите околу тоа како да се распореди релативно мал број бегалци ги влоши односите во ЕУ, комплицирајќи ги напорите лидерите на состанокот во Брсиел да покажат обединет фронт и во врска со другите две теми: разговорите со Лондон за Брегзитот и усогласувањето набуџетот на ЕУ до 2028 година.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер предупреди дека во иднина би можело да биде усвоен нов систем на гласање во Советот доколку лидерите и натаму не можат да постигнат консензус за некое прашање:

„Советот ќе ги разгледа предлозите на Комисијата кои се на маса. Ако некогаш не можеме да постигнеме договор преку консензус, не може да се исклучи да се избере гласање со квалификувано мнозинство за одредени точки“, рече тој.

Новите премиери на Полска и Чешка заедно со нивните колеги од Унгарија и Словачка и натаму се на став дека не можат да прифатат значителна имиграција, особено не муслиманска.

Тие и понудија на Италија 35 милиони евра како помош за африканските мигранти од Либија, потег што според холандскиот премиер Марк Руте не може да ги ослободи членките од должност да им помогнат на нивните сојузници од мигрантите кои стигнуваат во Европа.

„Многу сум среќен што тие се подготвени да инвестираат во обидите да работат на причините за миграција со инвестирање на 35 милиони, но, се разбира, тоа го прават сите земји. Тоа го прави Холандија, тоа го прават сите земји. Ова не може да дојде, наместо подготвеноста да го преземете вашиот фер удел во однос на споделувањето на товарот“, изјави премиерот Руте.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG