Достапни линкови

Грција и Турција во кавга и при посетата на Ердоган


Грција и Турција разменија обвинувања за време на посетата на Ердоган
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Грција и Турција разменија обвинувања за време на посетата на Ердоган

Претседателите на Турција и на Грција Реџеп Таип Ердоган и Прокопис Павлопулос изјавија дека двете земји треба да изградат нова иднина и покрај разликите од минатото, откако посетата на Ердоган на Атина се претвори во размена на обвинувања за голем број историски прашања.

Дизајнирана за зајакнување на односите меѓу двете држави, првата посета на еден турски претседател во изминативе 65 години брзо се претвори во кавга меѓу сојузниците во НАТО.

Сепак, двете страни на крајот на денот се повлекоа назад.

„Ние сме две нации чии луѓе живеат рамо до рамо и имаат долга историја. Во мојата земја има грчки граѓани чие население е повеќе од десет илјади. Соживот покажа дека можеме да живееме рамо до рамо. Нашата цел за оваа посета е да изградиме поинаква иднина, со единство, соживот и солидарност“.

Со оваа оценка на Ердоган се согласи и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос кој рече дека она што ги обединува двете земји е многу повеќе од она што ги разделува.

„Ние сме една од земјите-членки на ЕУ што навистина верува во потенцијалната европска иднина за Турција и ние сме подготвени да помогнеме. Таа атмосфера, господине Претседател, е она врз што сакам да се фокусирам овде денес. Ова е тонот што го сакам за сите наши идните состаноци, сега и во иднина. Го кажувам уште еднаш, бидејќи и ти го рече тоа. Она што неделеше во минатото не треба да ја одредува нашата иднина“.

Несогласувањата на разговорите на Ердоган со Павлопулос, но и со грчкиот премиер Алексис Ципрас се однесуваа од дискриминацијата против муслиманите во северна Грција преку толкувањата на меѓународниот договор за дефинирање на границите меѓу двете земји до турското воено присуство во етнички поделениот Кипар.

Грчкиот премиер Ципрас притоа рече:

„Да разјасниме една работа за Кипар. Имам 43 години и ова прашање останува отворено 43 години. Секогаш се дискутира за тоа кој е виновен, но мој драг пријател, господине претседател. никогаш не забораваме дека ова прашање останува отворено, бидејќи пред 43 години имаше нелегална инвазија и окупација на северниот дел од Кипар“.

И додека лидерите вечераа, левоориентирани демонстранти излегоа на улиците на централна Атина за да протестираат против посетата на Ердоган.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG