Достапни линкови

Ердоган: изнесување капитал од Турција е предавство


Ердоган: судењето во САД заговор против Турција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Ердоган: судењето во САД заговор против Турција

Американските судови на можат да и судат на Турција, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган во врска со случајот со еден од директорите на Халк банката кој е обвинет за избегнување на американските санкции врз Иран. Тој ги обвини деловните луѓе кои сакаат нивниот капитал да го префрлат од Турција.

Веќе и онака затегнатите односи меѓу НАТО сојузниците Анкара и Вашингтон се влошија во последниве неколку недели, кога турско-иранскиот трговец со злато Реза Зараб, кој соработува со американските обвинители, во судот детално ја опиша шемата за избегнување на американските санкции од страна на извршниот директор на Халк банката Мехмет Хакан Атили.

Зараб во судот изјави дека Ердоган во октомври 2012 година, додека бил премиер, им дал инструкции на две банки да и помогнат на Халк банката за да ги заобиколи санкциите против Иран.

Ердоган, кој владее со Турција веќе скоро 15 години, пред членовите на неговата владејачка партија во североисточната провинција Карс изјави:

„Оние фабрикувани виртуелни судови, формирани со претставници на тој предавник Фетула Ѓулен, никогаш не можат да ја осудат мојата земја“, рече тој.

Ердоган не одговори на тврдењата на Зараб во судницата, а целиот случај го оцени за политички мотивиран обид за соборување на турската влада.

Турските власти сметаат дека зад сето ова стои поранешниот имам Фетула Ѓулен обвинет за обидот за воен удар во Турција лани. Тоа го изјави и турскиот премиер Бинали Јилдирим:

„Овој судски процес престана да биде судски и стана целосно политички, со единствена цел да ја загрози Турција и нејзината економија и да и наштети на земјата“, рече тој.

Во меѓувреме, обвинителството во Истанбул соопшти дека имотот на Зараб и неговото семејство ќе биде запленет во рамките на истрага за шпионажа за „една странска држава“.

Инаку, Ердоган ги обвини деловните луѓе кои сакаат нивниот капитал да го префрлат од Турција во странство за предавство.

„Слушнав дека некои бизнисмени се обидуваат да го префрлат нивниот имот во странство. Ќе и кажам на владата никогаш да не го дозволи тоа, бидејќи таквите постапки се предавство“, рече тој.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG