Достапни линкови

Брамерц - Херои се оние што сведочеа во Хаг


Брамерц: се уште има нерешени случаи
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Брамерц: се уште има нерешени случаи

Денешната пресуда на поранешниот воен командант на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ, е една од најважните на Хашкиот трибунал за воени злосторства во порашена Југославија. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го оценува главниот обвинител на Трибуналот Серж Брамерц, кој предупредува дека се уште има голем број нерешени случаи.

Секој пат кога ќе се донесе одлука во Хаг – казнување или ослободување - една група е многу задоволна, а друга група е многу несреќна, во зависност од исходот, вели Брамерц додавајќи:

„Мислам дека тоа многу покажува оти основните проблеми што беа присутни во заедниците во поранешна Југославија пред војната сé уште многу се таму, а тоа е, се разбира, многу несреќна реалност. Знаете, секогаш сме соочени со ова прашање: дали мислиме дека придонесовме позитивно за помирување, или спротивно? И мојот одговор што секогаш го кажувам е:

Па, правдата сама не може никогаш да постигне помирување. Помирувањето мора да дојде во рамките на едно општество, мора да биде иницирано од граѓанското општество, од преживеаните, од сторителите, од одговорни политичари“, вели тој.

На прашањето на допсиничката на РСЕ Џераќина Тухина за тоа дали верува оти пресудите биле историски придонес за наоѓање на вистината - кои беа сторителите, кои беа жртви и кои беа херои, Брамерц вели:

„Секако, знаете зборувате за херои - и гледаме дека херојот е прифатен од голем број поединци - и тие се сметаат за херои, бидејќи разните групи велат:

„Па, тие се бореа да го одбранат нашиот народ“. Па, тие не се осудени затоа што го штитеа сопствениот народ, тие беа осудени затоа што ја прекршија Женевската конвенција, а ако има војна, постојат неколку правила кои треба да се почитуваат. Голем број поединци од сите страни се осудени во овој трибунал затоа што ја прекршиле Женевската конвенција со земање затвореници, со уништување на домови и села, со присилно раселување на десет илјади и десет илјади лица, дозволувајќи им на војниците да извршат масовни силувања против други групи.Тоа е причината зошто тие лица се обвинети“.

Брамерц притоа нагласува дека единствените херои се оние кои преживеале и кои покрај фактот дека нивните семејства се убиени, живеејќи 25 години во тешки услови, се уште се храбри да дојдат и да сведочат против тие лица. Тој вели дека работата треба да продолжи и во наредните години со оглед на тоа што само во Босна и Херцеговина има 5.000 лица под истрага, многумина во врска со Сребреница, Од нив, како што прецизира, 300 се за големи кривични дела.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG