Достапни линкови

САД и Русија бараат дијалог меѓу Ирачаните и Курдите


Тилерсон и Лавров за дијалог меѓу Багдад и Курдите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Тилерсон и Лавров за дијалог меѓу Багдад и Курдите

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ги повика ирачката влада и курдските лидери во северен Ирак да го решат преку дијалог нивниот конфликт за курдското самоопределување и спорните територии. Претходно тоа го стори и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Тилерсон побара разговори меѓу двете страни во почетокот на состанокот во Багдад со ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади.

„Мислам дека сите разлики можат да се решат, а правата на сите можат да се почитуваат“, вели тој.

Тилерсон притоа прецизира дека Соединетите Држави имаат пријатели и во Багдад и во Ербил.

Американската администрацијата застана на страната на Абади во отфрлањето на референдумот што се одржа во минатиот месец во курдскиот регион, а на кој големото мнозинство Курди се изјаснија за независност.

Вашингтон исто така, ги повика двете страни да избегнат натамошна ескалација, откако Абади се спротивстави на гласањето изолирајќи го курдскиот регион и нареди негови војници да го преземат градот Киркук од курдските борци.

Наведувајќи дека Багдад не сака конфликт тој додаде:

„Кога влеговме во Киркук, испративме јасна порака дека граѓаните на Киркук се важни за нас.“

Ова беше втор состанок на Тилерсон со Абади за неколку дена.

По состанокот во неделата, заедно со кралот Салман од Саудиска Арабија, Тилерсон рече дека е време милициите што ги поддржува Иран, а кои му помогнале на Багдад да ја поразат екстремистичката организација Исламска држава да си одат дома.

Во истовреме и официјална Москва побара од од кудските лидери да почнат дијалог со ирачките власти.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по средбата со неговиот ирачки колега Ибрахим ал Џафари, наведувајќи дека Русија ја почитува желбата на Курдистан да го потврди својот идентитет, рече:

„Ние ја потврдивме позицијата на руската страна во корист на решавањето на сите проблеми меѓу ирачката влада и раководството на курдската автономија преку конструктивен дијалог врз основа на единството и територијалниот интегритет на Ирак“, рече Лавров.

Лавров се состана во Москва со ирачкиот министер за надворешни работи, Ибрахим ал Џафари, неколку дена откако руската државна нафтена компанија Роснефт се согласи да ја преземе контролата врз главниот ирачки нафтовод.

Ирачкиот министер за нафта Џабар ал-Луаби, веднаш побара појаснување од „Роснефт“.

Лавров рече дека Русија ќе продолжи со економските врски со ирачкиот Курдистан, како што тоа го прави и со другите конститутивни делови на Ирак.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG