Печалбари од Центар Жупа на локалните избори
Во општина Центар Жупа синоќа пристигнаа голем број печалбари од Италија за да гласаат за избор на нов градоначалник и Совет на општината. Печалбарите пристигнаа со специјални автобуси и приватни автомобили. Во оваа општина над 70 насто од населението е на печалба претежно во Италија.
МОСТ: Прв прес за текот на гласањето
Според информациите од набљудувачите на граѓанската асоцијација МОСТ отворени се сите гласачки места на кои тие имаат свои набљудувачи.
Досега забележано е дека на гласачко место во општина Струга 1860 на почетокот од гласањето избирачкиот одбор откинал 3 гласачки ливчиња од кочанот заедно со серискиот број , по што гласачите ги ставиле во гласачки кутии.
повеќе тука: https://www.slobodnaevropa.mk/a/28795526.html
Првите три часа од гласањето на локалните избори, на речиси сите избирачки места се одвива без некои посериозни проблеми. Извесни нерегуларности регистрирале набљудувачите на МОСТ.
Гласање за градоначалници и советници