Достапни линкови

Трамп Јуниор: татко ми не знаеше за средбата со руската адвокатка


Трамп Јуниор: не му кажав на татко ми за средбата со руската адвокатка
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

Трамп Јуниор: не му кажав на татко ми за средбата со руската адвокатка

Доналд Трамп Јуниор во интервју за телевизиската мрежа „Фокс њуз“ изјави дека на неговата средба со руската адвокатка Наталија Веселицкаја не му било понудено ништо корисно за претседателската кампања на неговиот татко и оти никогаш не му кажал за тоа. Претходно тој објави мејл во кој се потврдува дека му била понудена „чувствителна информација“ за Клинтон.

Весникот „Њујорк тајмс“ објави дека Трамп Јуниор пред да се состане со руската адвокатка во јуни лани бил информиран преку мејл оти ветениот материјал за кандидатката на демократите Хилари Клинтон бил дел од напорите на руската влада да му помогне на неговиот татко во претседателската кампања.

Веднаш потоа Трамп Јуниор изрази подготвеност за целосна транспарентност и го објави, како што рече, целиот мејл во врска со средбата.

Мејлот бил од американскиот публицист Роб Голдстон кој го информира Трамп Јуниор за документи што се компромитирачки за Хилари Клинтон и корисни за неговиот татко.

„Ова е очигледно на високо ниво и чувствителна информација, но е дел од поддршката на руската влада за господин Трамп“, се наведува во мејлот што Трамп Јуниор го постира на Твитер.

„Тоа беа буквално загубени 20 минути за мене“, изјави тој за средбата со Веселицкаја во интервју за „Фокс њуз“, додавајќи:

„Во ретроспектива веројатно работите ќе ги направев малку поинаку. Повторувам ова е е пред руската манија, ова е пред тие да го увеличаат во печатот“.

Како и да е, мејлот објавен од Трамп Јуниор е најконкретниот доказ досега дека претставници на изборниот штаб на Доналд Трамп ја поздравиле руската помош за победа на изборите.

Новинските агенции потсетуваат дека Трамп Јуниор во интервју за Си Ен Ен во јули минатата година, односно еден месец по средбата со руската адвокатка, запрашан за рускиот заговор за помош во претседателската трка рече:

„Тоа е одвратно. Тоа е лажно. Не можам да помислам на поголеми лаги“.

Во меѓувреме, руската адвокатка Наталија Веселницкаја која се сретна со синот на претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека не му дала никаква компромитирачка информација за кандидатката на демократите Хилари Клинтон.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG