Достапни линкови

Британските конзервативци го губат мнозинството во парламентот


Британската премиерка Тереза Меј
Британската премиерка Тереза Меј

Партијата на британската премиерка Меј го губи мнозинството во парламентот. Тоа, велат дека фрла сомнеж врз напорите на Меј да преговара за британското излегување од ЕУ

Ројтерс, ББЦ и Скај њус, врз база на нецелосните резултати од вчерашните парламентарни избори, предвидуваат дека Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј ќе го загуби мнозинството во парламентот.

Губењето на мнозинството од 330 места, како и фактот дека ниедна друга партија нема доволно гласови за да владее, најверојатно ја втурнуваат Велика Британија во период на криза со „висечки“ парламент и фрла сомнеж врз напорите на Меј да преговара за британското излегување од ЕУ.

По објавувањето на резултатите за 633 места во 650-члениот парламент, според кои партијата на Меј освоила 308, веќе не е можно да се освојат неопходните 326 седишта за мнозинство. ББЦ предвидува дека Конзервативците ќе имаат 318 пратеници, додека опозициската Лабуристичка партија ќе има 267 места, додека Скај њус прогнозира меѓу 315 и 325 пратеници за партијата на Меј.

Предвремените парламентарни избори во Британија инаку, ги свика конзервативната премиерка Тереза Меј со цел да освои мнозинство во парламентот пред преговорите за излегување од Европската унија. Но, тоа се усложни во текот на кампањата која на моменти беше прекинувана поради терористички напади.

Противникот на Тереза Меј, лидерот на Лабуристичката партија, 68-годишниот Џереми Корбин се покажа како силен противник со оглед на тоа што низ текот на кампањата, според аналитичарите, успеал да им се приближи на граѓаните со теми кои се од нивен непосреден интерес, како здравството, социјалната помош и нееднаквоста во општеството.

Аналитичарите и претходно сметаа дека прашањето за Брегзитот нема да биде единствената работа која ќе влијае врз одлуката на гласачите при што се спомнуваат последните терористички напади во Британија.

Што се однесува до Брегзит, Меј за време на кампањата се заложи за преговори со ЕУ „без отстапки“, додека нејзиниот ривал Корбин е на став дека не би ги притискал тие преговори со Брисел.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG