Достапни линкови

Со љубов од Дебар за децата бегалци од Сирија


Гимназијата во Дебар е дел од проектот за помош на децата бегалци од Сирија.
Гимназијата во Дебар е дел од проектот за помош на децата бегалци од Сирија.

Дебарската гимназија е дел од проект за помош на децата бегалци од Сирија, кои се наоѓаат во повеќе бегалски кампови. Намерата е да се обезбеди еден камиот со брашно за децата кои бегаат од војна. Оваа акција исто така е и апел да не се дозволи и Македонија да биде жртва на конфликти, велат организаторите.

Дебарските средношколци во континуитет поддржуваат хуманитарни акции. Таа хуманост дојде до израз и во рамките на „Неделата на солидарност со децата бегалци од Сирија“. Во акцијата „Македонија со Љубов за децата од Алепо“ учествуваа сите ученици, без разлика на нивната етничка и верска припадност. Извршниот директор на првата детска амбасада во Република Македонија „Меѓаши“, Драги Змијанац, вели дека оваа акција со успех се реализира покрај во Дебар во уште четири други градови како што се Виница, Гостивар, Велес и Скопје.

„Намера е да се обезбеди еден камион со брашно, кој ќе биде испратен во еден камп на границата помеѓу Турција и Сирија, каде што има над 30 илјади деца бегалци од Сирија. Тие деца се жртви без нивна вина и тоа од неразумноста на возрасните во Сирија“, вели Драги Змијанац.

Оваа акција исто така е и апел да не се дозволи и Македонија да биде жртва на конфликти, вели тој.

„Воедно акцијата значи и еден апел да не се дозволи и Македонија да стане жртва на конфликти на војна како што тоа се случи во Босна, Косово и конфликтот во Македонија во 20001 година. Се надеваме дека хуманитарноста и солидарноста за Алепо ќе биде не само хуманитарен апел, туку и апел за сочувување на заедништвото во Република Македонија“, вели Змијанац.

Хуманитарната акција за собирање на средства за да се помогнат децата од Сирија, кои се во повеќе кампови, само ја потврди високата свест на учениците, наставниците и родителите за разбирањето што тие го имаат за тешката состојба во која се наоѓаат децата од Сирија.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG