Достапни линкови

Затворената грчка граница, штетна за економијата


Граничен премин
Граничен премин

Алтернативни патишта кои ги користат дел од превозниците се Меџитлија, Дојран и Ново Село. Од Здружението на камионски превозници апелираат до увозниците да прифатат повисока цена на транспортот.

Колоните блокирани камиони на граничниот премин Евзони во Грција влегуваат во десеттиот ден, а она што внесува загриженост е дека на повидок нема решение иако надлежните уверуваат дека се прават напори.

Стопанските комори укажуваат дека ситуацијата е неповолна и бараат од Грција што поскоро да се најде решение, бидејќи штети имаат и грчките компании. Поради штрајкот на тамошните земјоделци, кои се незадоволни од најавените даночни и пензиски реформи, преминот Евзони е целосно блокиран.

Некои превозници наоѓаат алтернатива преку други премини, но тоа им ги зголемува трошоците. На стопанствениците им е јасно дека штетите врз компаниите, но и врз економијата на државата не се мали, но колку ќе изнесуваат не се знае бидејќи компаниите допрва ги пресметуваат.

Како што изјавуваат од Сојузот на стопански комори на Македонија, на преминот Евозни - Богородица има блокирани камиони со стоки, но има и компании кои не испорачуваат стоки, бидејќи знаат дека пратките не може да поминат.

Извршниот директор Митко Алексов вели дека тоа предизивикува доцнење на испораките кои понатаму треба да се транспортираат од Солунското пристаниште до другите партнери на нашите комапании. Тој вели дека добро е што превозниците наоѓааат алтернативни патишта преку Меџитлија, Дојран и патот кај Ново Село кон Бугарија. Алексов наведува дека и Сојузот на стопанските комори презема активности со партнерските организации во Грција и тие да придонесат за решавање на состојбата во Грција која се повторува често и се одразува и врз македонската економија, но и врз грчките компании.

„Штети има аспект од алтернативни транспорнни решенија каде има дополнителни трошоци, меѓутоа и од аспект на доцнење со испораките од Македонија кон своите партнери, но и со набавките на одредени суровини кои поминуваат преку граничниот премин з а потребите на домашното произиводтство, така што пресметките ќе се направат дополнително“, вели Митко Алексов.

Билјана Муратовска од Макамтранс, Здружението на камионски превозници, апелира до увозниците да одобрат повисока цена на транспортот за да може да се најде алтернатива.

Таа вели дека користењето на овие алтернативни патишта ќе доведе до зголемување на цената на превозот, затоа што сега превозниците она што можеле претходно да го завршат за два дена, мора да го завршуваат за три, четири или пет дена, зависно од тоа колкави се колоните за преминување.

„И затоа апелирам ако сакаме да немаме поголема криза од оваа што сега ја имаме, сите овие стопанственици кои не може да го запрат процесот на производство или трговскиот план да имаат разбирање и за превозниците и да ги покачат малку цените за превоз, зошто ќе се соочат, поради трошоците, никој да не сака да оди во Грција“, вели Муратовска.

Во оваа ситуација со грчките блокади се комлицира и транспортот на нафта кој се одвива со камиони цистерни. Добра вест е што има алтернативен пат кај Ново Село. Од Макатрамс велат дека опасност од нафтена криза нема, но доплнуваат дека сега е прашање дали ќе се зголеми цената на превозот.

Загриженост од состојбата со Евзони има и во Сојузот на синдикатите на Македонија кој упати писмо до амбасадорот на Грција во земјава Димитриос Јанакакис и претседателите на Конфедерацијата на синдикати на Грција и Конфедерацијата на синдикати на јавните служби на Грција, со барање активно да се вклучат во решавање на проблемот во нормализација на сообраќајните врски на граничниот премин Евзони.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG