Достапни линкови

Намален буџет за програмата за ХИВ


Светски ден на СИДА: годинава 37 нови случаи во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Шеснаесет граѓански организации со марш го одбележаа Светскиот ден на сидата. 01.12.2016

Во Македонија во текот на годинава се регистрирани 37 нови случаи со ХИВ инфекција, од кои двајца починале, што значи намалување на бројката во однос на минатите две години.

Итна корекција на буџетот за ХИВ за 2017 година за годишното финасирање на терапијата, како и на програмите за превенција и грижа, побараа денеска шеснаесет граѓански организациии од Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка на ХИВ.

На 1 декември се одбележува Светскиот ден на СИДА-та, а претставниците на организациите пред Министерството за здравство рекоа дека наместо да се зголеми домашното финасирање за програмата за ХИВ, буџетот за следната година бил скратен за 59 отсто во однос на потребите.

„Да се изнајде ургентен механизам за финасирање на програмите за групите под особен ризик за ХИВ за периодот јули – декември 2017 година за да се избегне ризик од прекин на програмите за ХИВ по повлекувањето на меѓународната поддршка. Да се обезбедат финасиски средства од националниот буџет врз основа на докази и методолошки прецизни анализи и процени со коишто на долг рок ќе се обезбеди одржливост на превентивните програми и програмите на поддрка од ХИВ за групите кои се под особен ризик под ХИВ“, истакна Силвана Наумова од Центарот за сексуални работници.

Домашниот буџет од потребните 65 е намален на 27 милиони денари, рекоа претставниците на организациите, додавајќи дека од следната година ќе згасне и поддршката на Глобалниот фонд за борба против СИДА, со кој Македонија досега успевала да ја одржи ниската стапка за ХИВ.

„Тоа значи дека сите капацитети, сервиси, тимови кои единствено допираат до тешко достапни заедници, довербата кон истите градена од 2004 година, труд од цели 13 години, ќе згасне идната година со заминување на Глобалниот фонд од Македонија“, изјави Војо Иванов од организацијата „ХЕРА“.

Претставниците на организациите рекоа дека државата не покажала сериозен став кон проблемот, а по собирот пред Министерството за здравство, тие маршираа до Плоштадот Македонија.

Досега на светско ниво од болести поврзани со СИДА починале 35 милиони луѓе. Национален координатор за ХИВ/СИДА и директор на Клиниката за инфективни болести, Звонко Миленковиќ, денеска истакна дека во Македонија во текот на годинава се регистрирани 37 нови случаи со ХИВ инфекција, а двајца од нив починале.

Тој рече дека во двата случаи станува збор за лица кои се регистирани во напредната задоцнета форма на болест, но кои кратко време по приемот на Клиниката, по поставувањето на основната дијагноза на болеста и по отпочнувањето на соодветен третман, завршиле фатално.

Тој истакна дека од 37 новодијагностицирани случаи, една третина се на возраст под 30 години, една половина се на возраст од 30 до 40 години, а има и на возраст над 40 години (21 процент).

Од 37 новорегистрирани, 34 се од машки пол, а три од женски пол, рече Миленковиќ додавајќи оти во 2014 година биле регистирани 45 случаи, а во 2015 година - 32 случаи со ХИВ инфекција.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG