Достапни линкови

Ваши коментари за федерализацијата и за упадот на СЈО во УБК


Прослава на Денот на албанското знаме во Тетово во 2015 година

Интервјуто со Мухамед Зекири во кое тој вели дека федерализацијата е владина пропаганда, како и текстовите за упадот на СЈО во УБК се најкоментирани теми од нашите читатели.

Бројноста на постовите на нашата Фејсбук страница по изјавата на Мухамед Зекири дека федерализацијата е владина пропаганда и дека СДСМ се залага за една Македонија еднаква за сите граѓани како да ги докажува тврдењата на некои познавачи на состојбите кај нас дека предизборната кампања на владејачката партија ќе ги користи токму меѓуетничките односи за добивање поени кај своите гласачи.

Веле Марков го прашува Зекири на кои „националистички настроени слепци им кажуваш, кога тие ниту насловот не го разбираат? Овие што коментираат дека ако падне режимот на ДПМНЕ ќе има федерализација на Македонија се најоштетените“.

Љубомир Ристоски реагира дека „Само ВМРО може да мисли за иднината на Македонците за самостојна и суверена Република Македонија“, а Христијан Митев бара да објасни кое ВМРО, „објасни оти ги има повеќе“. Бари Илјази исто така му се обраќа на Ристоски: „Без разлика кој, и позиција и опозиција, треба да работи и да мисли на иднината на земјата, без разлика наши-ваши“. Младен Марковиќ смета дека Ристоски има вградено чип и нема да може да го види сето зло што ѝ се прави на земјава и народот, „ќе бидеш задоволен со нови училишта кои се сè попразни, патишта кои се сè попусти, болници сè попразни зашто луѓето немаат пари да платат и да добијат право на живот, бидејќи на водачот му е побитно Милениумското тркало од здравјето на обичните луѓе“. Има постови со недоличен антиалбански и антимакедонски јазик, постови со крстови и натписи „Православна Македонија“, а Игор Димоски напишал: „Ви остана вам лажните патриоти уште со федерализација да го лажете народот“. Александер Штерн постирал: „25 години пред избори ја федерализираат Македонија, па еве гледам, уште не е федерализирана, стара евтина финта ама многу нови будали...“ И така натаму и така натаму, шеесетина коментари на оваа тема.

Архивска фотографија: Прес-конференција на специјалниот јавен обвинител Катица Јанева во Скопје
Архивска фотографија: Прес-конференција на специјалниот јавен обвинител Катица Јанева во Скопје

Во врска со информациите на РСЕ за влегувањето на истражителите на СЈО во УБК исто така има многу ваши коментари, почитувани, а како заеднички именител ги предлагаме постовите на Ане Николов: „Просто ко’ грав, ако нема што да кријат ќе дозволат вештачење, нема да се бунат...“ и на Бојан Казанова: „Долина на волците, доцните...“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG