Достапни линкови

Бурна ноќ за тимот на СЈО


Прес конференција на Специјалното јавно обвинителство на 28 септември 2016

Уште една бурна ноќ за Специјалното јавно обвинителство. Еден истражител заврши во полициска станица затоа што бил на задача, а друг пак бил избркан од просториите на УБК. МВР уверува дека ќе ја чува опремата на УБК.

Министерството за внатрешни работи ќе ја чува опремата за прислушување во Управата за безбедност и конратразузнавање откако дошло до недорабирање по што истражителот на Специјалното јавно обвинителство бил избркан оттаму, изјави доцна вечерва министерот за внатрешни работо Оливер Спасовски. Тој на прес конфенеција вечерва истакна дека опремата ќе биде обезбедена со полициски и видео надзор.

До ваков развој на настаните дојде откако еден истражител на СЈО беше избркан од УБК а друг беше повикан на информативен разговор во полициската станица во скопската општина Центар. Истражителот кој два пати денеска бил во полициската станица бил забележан како ја фотографира куќата на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков изјави доцна вечерва Спасовски.

„ Истражителот на СЈО кој што беше во Беко денеска бил забележан како фотографира објект , откако го забележало обезбедување на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков , бил повикан на разговор во станицата Беко , направен е првичен разговор, понатаму е најавено во јавното обвинителство и по насока на јавниот обвинител е побарана негова изјава и целиот предмет е предаден во Јавното обвинителство а истражителот е пуштен” рече Спасовски.

Спасовски посочи дека не располага со информации за каков објект станува збор, приватен дом или деловен објект.

Претходно Катица Јанева пред полициската станица Беко изјави декаистражителот бил на задача да обезбеди лице кое било барано во одредена истрага. Јаневаза причините за повикувањето на истражителот во полициската станица ги упати новинарите да ги бараат одкомандирот на полициската станица.

Спасовски изјави дека се сретнал со тимот на СЈО откако бил избркан нивниот истражител од просториите на УБК.

“Специјалната јавна обвинителка го повлече истражителот заради тоа што најверојатно имаат недоразбирање во начинот на договор со УБК. Во моментот кога ќе се обезбедат техничките услови со присуство на човекот од Ериксон да се комплетира постапка бидејќи веќе две-третини од наредбите се извршени. Само треба јавноста да знае дека нема никаков проблем и дека судските наредби ќе бидат завршени до крај ”рече Спасовски.

Претходно портпаролката на СЈО Ленче Ристоска изјави дека заедно со Катица Јанева биле во МВР за да видат зошто нивниот истражител бил остранет од просториите на УБК.

“Се надеваме дека се работело за недоразбирање со УБК и очекуваме дека тоа недоразбирање во текот на утрешниот ден ќе биде надминато. Добивме сигурни уверувања дека во текот на ноќта не може ништо да се случи односно дека нема да има никакви изнесувања на опрема или што било од кругот на МВР и такви уверувања ни даде и самиот министер” рече Ристоска.

Инаку во текот на денот СЈО обезбеди дел од документите од УБК кои им се потребни во истражната постапка.

„Одземени се сите наредби за Посебни истражни мерки за следење на комуникациите и книгите за евиденција како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација. Останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и очекуваме во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите., беше наведено во последното соопштение од СЈО.

Ова е трет ден како Специјалното јавно обвинителство се обидува да обезбеди докази од Управата за безбедност и контраразузнавање и наидува на отпор и опструкции.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG